Одличните iPad Pro таблет компјутери, кои изминатите неколку години се уште подобри поради тоа што доаѓаат со М чиповите од Apple, за идната година се очекува дека конечно ќе почнат да користат OLED екрани.

Сегашните модели се поделени, па 13 инчниот модел доаѓа со miniLED екран, нешто што треба да овозможи нешто поблиско искуство до OLED, но 11 инчниот модел доаѓа со класичен LED екран, што за таков уред е скоро неприфатливо.

Префрлувањето на iPad Pro серијата целосно на OLED ќе направи да скоро нема конкуренција, а може да се очекува огромна побарувачка, но дали тоа ќе биде случајот ако цените бидат драстично покачени.

Според неофицијалните информации, Apple планира доста големо покачување на цените, па така 11 инчниот модел од сегашната почетна цена од 800 долари, идната година ќе се покачи на 1500 долари. Кај 13 инчниот модел цената од 1100 долари би се покачила на 1800.

Во нашата земја, на овие цени треба да се додаде уште повеќе, со оглед дека уредите обично се продаваат доста поскапо од цените во долари во САД.

Како главна причина за ваквото покачување на цените се истакнува повисоката цена на OLED панелите, кои посебно се произведуваат за Apple и се поскапи од останатите кои ги користат конкурентите. Примерот кој се дава е дека OLED панелите со големина од 10 инчи обично чинат од 100 до 150 долари, додека оваа цена во случајот на Apple ќе биде од 270 до 350 долари.

Според информациите, Apple набавката на OLED панели ја планира од Samsung и LG, а можевме да прочитаме дека тие веќе го планираат производството.

Добра вест е што ова се неофицијални информации и дури и тие истакнуваат дека има време до идната година, па цените не се дефинирани целосно, а можно е и одредено намалување на трошоците за производство на панелите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПромената на стилот на преводите на Netflix сега може да се прави и преку телевизорите
Следна статијаСтандардно за уредите од Google – објавена слика наводно од Pixel Fold во метро во Њујорк
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.