Лентата која обично е поставена на долната страна, наречена „таскбар“ и на која е поставено Старт копчето, часовникот, иконите од отворените апликации во позадина и повеќе, е главното место од каде функционира Windows оперативниот систем.

Оваа лента ја доби својата најголема промена со Windows 11, со можноста да се постават иконите и Старт копчето во средината, но и изгуби една за многу корисници важна можност.

Таскбарот веќе не може да се премести на некоја друга позиција, па корисниците мораат да го користат само од позицијата на долната страна од екранот. За нас тоа не е некој проблем, но доста корисници реагираат негативно на оваа промена.

Во последната „dev“ верзија од Windows 11, откриено е дека со мали измени, лентата е можно да биде поставена на горната страна. Ова не е нешто што од Microsoft го имаат сокриено како функција, па поставувањето на лентата на горната страна сепак не функционира како што треба. Старт менито и другите работи се отвораат од долната страна, но сепак може да се види дека вакво нешто е можно да се направи.

Поради ова, се верува дека во компанијата се работи на враќање на оваа можност, па ќе видиме дали такво нешто може да се очекува оваа година или ќе биде оставено за се’ уште неофицијалната Windows 12 верзија.

Претставувањето на нов канал во Windows Insider програмата, „canary“, се користи за дополнително зголемување на најавите дека Microsoft се враќа на тригодишниот циклус на Windows верзии и идната година треба да го очекуваме претставувањето на Windows 12.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаСтандардно за уредите од Google – објавена слика наводно од Pixel Fold во метро во Њујорк
Следна статијаДоделени наградите за е-трговија за 2022 година,
погледнете кои се победниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.