Неофицијалните информации од изминатото лето беа потврдени со претставувањето на новите iPhone 12 телефони. Apple официјално почнува со практиката да во кутијата со новите телефони нема полнач, туку само кабел, а исто така нема ни слушалки.

За второто можеби и нема да има некакви реакции, но потребата да се купи нов полнач посебно откако ќе се купи телефонот, е нешто што секако ќе има критики. Не сите имаат нов Apple полнач, може го продале со нивниот постар уред, а секако ако корисникот доаѓа од Android екосистемот, ќе мора да доплати и за да може да го полни неговиот нов iPhone 12. Барем да го прифатеа USB Type-C стандардот, па ќе можеше да се користат и други полначи.

Неофицијални информации дека и Samsung планира нешто вакво од идната година веќе имаше, но изгледа од компанијата се имаат премислено или барем донеле одлука за одложување на ваквата практика.

Од Samsung објавија слика од полнач со изјавата, „Вашиот Galaxy ви го дава тоа што го барате. Од најосновото како полнач, до најдобрата камера, батерија, перформанси, меморија и дури 120Hz екран на смартфон.“

Мора да се признае и дека разочара тоа што Apple не вклучи 120Hz стапка на освежување како што едно време кажуваа неофицијални информации. Според некои, било планирано, но поради корона кризата е одложено за моделите од идната година.

Треба да се земе во предвид дека тоа што Samsung сега ова го објавува, не значи дека и тие нема да престанат да вклучуваат полнач со нивните идни модели. Вакви објави имаше и по тргањето на приклучокот за слушалки кај iPhone, за да после одреден период истото го направат и тие.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаTikTok се обидува да го побие тврдењето за небезбедноста на корисничките податоци на нивните сервери
Следна статијаКоја возрасна група треба прва да ја добие вакцината против COVID-19 според едно истражување?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.