Фотор од Pete Linforth преку Pixabay

Пандемијата која го промени начинот на живот во светот за многу кратко време, не тера сите да бидеме во исчекување на решението – вакцина против Ковид-19. Со напредокот на повеќе држави во изнаоѓање на вакцина, на medrxiv.org беше објавено и истражување во кое главното прашање е: кој треба да ја прими вакцината прв? 

Првично размислувањето доаѓа од претпоставката дека вакцината веројатно нема да има 100% ефективност. Од сите статистички податоци до сега, истражувачите доаѓаат до заклучок дека има можност да се зголеми ефективноста на вакцината ако правилно се таргетираат групите кои први ќе бидат вакцинирани.

Во целната група се ставаат индивидуалци на возраст од 30 до 59 години, наспроти верувањето дека прво треба да се вакцинира повеќе ризичната група од над 65 години. Главна причина за определување на границите на оваа возрасна група се истражувањата направени во 179 држави, од кои резултатите се дека индивидуите што спаѓаат во неа остваруваат најмногу меѓучовечки контакти во секојдневието, во кои спаѓа и веројатноста да бидат во контакт со заболен и се подложни на поголем ризик од инфекции и болести.

Студијата предвидува дека правилното таргетирање и планирање на вакцинацијата може да доведе до економично искористување, намалување на бројот на вакцини кои ќе бидат искористени, односно, наместо вакцинирање 80-90% од населението, бројката би можела да се симне на 50-60% од населението. Целта е достигнување на колективен имунитет, и секако, првично надеж за побрзо развивање на успешна и безбедна за употреба вакцина, а потоа и прифаќање на најразумна стратегија за употреба. 

ИЗВОРNewsweek
Претходна статијаSamsung се шегува на сметка на Apple и одлуката да не вклучат полнач со новите iPhone 12 телефони
Следна статијаSnapchat станува „конкурент“ на TikTok