F 02_Samsung Galaxy Note7

Galaxy Note 7 е веројатно најмалку популарниот паметен телефон лансиран досега – самозапалувањето беше причина Samsung целосно да го повлече од производство. Поради тоа, имаше и најави дека Samsung целосно ќе ја прекине Note линијата на паметни телефони, но сега знаеме дека тоа нема да се случи и дека наредната година дефинитивно ќе видиме Note 8.

И не само тоа – корисниците кои проблематичната Note 7-ка веќе ја смениле за S7 или S7 Edge, наредната година ќе можат да купат Galaxy S8 или Galaxy Note 8 кога ќе бидат достапни по половина цена.

Да, Samsung ќе ги награди корисниците кои одлучија да продолжат со паметен телефон од корејската компанија и навистина, да можете да купите телефон од високата класа за само околу 400 долари и не е воопшто лошо. Според досегашните информации, понудата сепак веројатно ќе важи само во Јужна Кореја, но се надевам дека Samsung ќе ја прошири и на другите пазари.

Иако погоре го напишавме како Note 8, новиот телефон од највисоката класа на Samsung, кој ќе биде лансиран наредната година веројатно нема да го носи тоа име, бидејќи корејскиот производител веќе има таблет со истото име во понудата.

Очекувам и новиот Galaxy Note телефон да биде лансиран порано отколку што беше досега случај, бидејќи Samsung секако дека не би сакал да дозволи да биде без својот најдобар уред толку долго време, особено што конкуренцијата има вистински добри уреди кои сега го собираат плодот на повлекувањето на Note 7.

Извор: CNET, Techno Buffalo, The Verge

Претходна статијаКритична маса #54: ЗА безбедни патеки во време на градба
Следна статија„Сноуден“ е разводнета, но возбудлива приказна за најпознатиот „свиркач“ на сите времиња

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.