QS805

Qualcomm Technologies вчера го претстави својот најнов SoC (System on a Chip) процесор од Snapdragon фамилијата – Qualcomm Snapdragon 805.

Новиот процесор ќе содржи четири Krait 450 јадра со работна фреквенција од 2.5 GHz, односно 200 MHz повеќе од Krait 400 јадрата кај својот претходник. Меморискиот проток кај Snapdragon 805 е дуплиран во однос на Snapdragon 800, од 12.8 на 25.6 GBps. Исто така, во Snapdragon 805 ќе биде интегриран новиот Adreno 420 графички процесор на компанијата кој ќе нуди до 40% подобри перформанси од Adreno 330. Ова ќе овозможи нативна поддршка за приказ и обработка на Ultra HD (4K) содржини.

Процесорот ќе доаѓа во комбинација со Gobi MDM9x25 и Gobi MDM9x35 модемите за LTE поддршка и брзини на трансфер од 150, односно 300 Mbps. Qualcomm VIVE 802.11ac трансиверот ќе овозможи безжичен стриминг на Ultra HD видео содржини и Wi-Fi перформанси од преку 600 Mbps, благодарение на новиот QCA6174 ниско-енергетски PCIe интерфејс со минимално влијание врз животниот век на батеријата. Snapdragon 805 е произведен на нов 20nm процес, така што целиот пакет ќе биде енергетски поефикасен од останатите процесори на пазарот.

Qualcomm веќе започна со дистрибуција на Snapdragon 805 до своите OEM партнери, што значи дека првите уреди кои ќе го содржат овој процесор можеме да ги очекуваме уште во првата половина од наредната година.

Претходна статијаНаучниците развиваат флексибилни батерии
Следна статијаXbox One пуштен во продажба