flexible-batteries

Големите производители на електроника веќе подолг период ги најавуваат флексибилните и заоблени екрани наменети за smart уредите, но за жал на пазарот сеуште немаат пласирано финален продукт од ваков тип. LG и Samsung се компаниите коишто имаат стигнато најблиску до ова со новата генерација на AMOLED smart уредите, но за жал станува збор за екрани коишто се релативно благо заоблени. Пред се lithium – ion батериите претставуваат најголем виновник за прилично бавниот развој на оваа технологија, но наскоро сето ова ќе се промени вели тим на Институтот за Технологија во New Jersey (NJIT).  Истиот успеал да изработи флексибилна батерија за новите smart уреди користејќи јаглеродни наноцевки (carbon nanotubes).

Обете Samsung и LG се фокусирани на заоблените екрани, но велат дека постоечките батерии се виновниците поради кои оваа технологија заостанува. Екраните се секогаш поврзани со екстерен извор на енергија, па поради овој факт новите заоблени уреди  на LG и Samsung се најавени со големини од по 6 инчи, па нагоре. Неизбежно е да го прилагодат заобленото  куќиштето на flat батеријата со што се појавува и потребата од поголем дисплеј, но технологијата развиена од страна на Институтот за Технологија во New Jersey нуди комплетно решение за овој проблем со коишто се соочуваат гигантите за развој на smart платформи и би можело да претставува револуционерно откритие со кое би се забрзал развојот на уредите од ваков тип.

Дел од концептите коишто веќе претставуваат минато имаа за цел односно како решение нудеа скапи принтерски технологии за изработка на флексибилни батерии, но тимот од Jersey успеал да ги адаптира стандардните електрохемиски архитектури како дел од батеријата во флексибилни. Базата на батеријата е едноставен полимерен материјал (пластика), но активниот дел од истата се состои од јаглеродни наноцевки и други нано материјали. Катодата, анодата, па дури и електролитите се составени од наночестички.

Оваа технологија е исклучително скалабилна.  Истражувачкиот тим имено тврди дека со менување на големината на џебовите (pockets) на катодата и електролитниот материјал, големината на истата може лесно да се менува. Би можела да биде колку глава од игла или пак да биде со големина на дневна соба. Ова потенцијално отвора голем спектар на употреби.

Претходна статијаInstagram за Windows Phone 8 конечно достапна
Следна статијаQualcomm го најави Snapdragon 805