Од тоа што беше до сега неофицијално објавено, може да се очекува дека Samsung ќе направи мал редизајн со наредната Galaxy S серијата која идната година се очекува да дојде цел месец порано, односно на половината од јануари.

Главната новина кај дизајнот може да се очекува на задната страна, додека напред остануваат малите рамки со камерата поставена во мала дупка. Исто така, според најавите, екранот нема да ја има веќе со години карактеристичната заобленост од страните.

На задната страна модулот за камерите ќе изгледа поразлично. Сега тој ќе доаѓа со повеќе истакната боја од остатокот, а исто така ќе биде поставен до крајот на уредот и ќе се „прелева“ малку на страните.

Од тоа што може да се види од сликите, ова изгледа одлично и ќе претставува освежување на изгледот доволно големо за тие што ќе сакаат да го купат овој уред.

Познатиот Ice universe, кој во главно ги објавува сликите за Galaxy S21, излезе со нови слики, поточно „рендери“ од кои дополнително се гледа изгледот на уредите, а овој пат и боите кои се очекува да бидат понудени.

За Galaxy S21 се најавува дека може да биде изработен од пластика на задната страна, нешто што помина одлично кај Galaxy S20 FE, а можеби со таа одлука може да се очекува и доста добра цена за првиот модел.

Android Police излезе со карактеристиките на трите модели кои се очекуваат од Galaxy S21 серијата, па како и обично, ја имаме скоро целата „слика“ за уредите, пред тие да бидат официјално претставени.

ИЗВОРNotebook Check
Претходна статијаВакцината на Moderna официјално има ефикасност од 94,1% и од компанијата веќе поднесуваат барање за одобрување за итна употреба
Следна статијаHuawei Mate 40 Pro достапен на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.