Shutterstock.com

По „прелиминарните“ резултати од крајот на Фаза 3 на тестирањето на вакцината против COVID-19 од американската Moderna, од компанијата сега излегоа со финалните резултати и бројки за ефикасноста.

Наместо претходниот процент од 94,5%, вакцината од Moderna, mRNA-1273, има ефикасност во спречување на заболувањето кај вакцинираните луѓе од 94,1%. Ова слободно може да се каже дека е во рамките на претходните резултати, односно разликата не е доволно голема за да се промени мислењето за оваа вакцината.

Официјалните бројки од третата фаза на тестирањето, која исто така се нарекува и „COVE“ студија, е следна. Во 1:1 тестирањето, односно пола-пола, учествувале 30.000 луѓе од различна возраст, пол и потекло. Од оваа бројка, 196 луѓе ја добиле COVID-19 болеста, а од нив 11 биле од групата која ја има примено вакцината.

Од овие 196 заболени луѓе, 30 развиле посериозна форма од болеста, а 1 човек починал. Овие 30 луѓе сите биле дел од плацебо групата, па врз основа на ова од Moderna тврдат и дека вакцината има ефект во заштита од развој на посериозна форма од болеста, дури и ако некој од вакцинираните биде заболен.

Од компанијата исто така истакнуваат дека не се забележани посериозни нус појави од вакцинирањето во периодот од 2 месеци кои се минимум периодот кој мора да помине во тестирањето. Единствените последици кои се појавувале вклучувале болки во раката кај што се прима вакцината, главоболки и слични несериозни појави кои траеле кратко.

Поради ова, од Moderna ќе поднесат барање за добивање на одобрување за итна употреба до американската FDA, а исто така ќе биде поднесено и барање до европската EMA за авторизација на вакцината.

Според информациите, FDA ќе го закаже состанокот за одобрување на вакцината на 17-ти декември, од каде се и претпоставките дека вакцинацијата може да започне до крајот на оваа година.

Сепак, треба да се истакне дека први кои би ја добиле вакцината се медицинските лица, а останатите може да ја очекуваат од оваа пролет до летото, барем во помасовни бројки.

Од Moderna пред некој ден исто така истакнаа дека треба да се земе во предвид дека вакциниран човек кој нема симптоми, сепак постои можност да му го пренесе вирусот на некој којшто не е вакциниран.

За потсетување, Moderna својата вакцина ја развива со користење на досега новата mRNA метода која подразбира насочување на организмот да ги создаде протеините од вирусот кои се користат за влез во клетките, по што мислејќи дека има цел вирус, организмот ќе почне да дава одговор на ова присуство. Ова е различно од стандардната метода во која се користи ослабнат вирус.

Информациите покажуваат дека mRNA вакцините ќе донесат еден вид на револуција во борбата со други болести, не само за COVID-19, а Moderna веќе покажува надежни резултати во борбата со неколку видови на канцер.

ИЗВОРModerna
Претходна статијаProject Latte ќе им овозможи на програмерите да ги донесат своите Android апликации во продавницата на Windows 10
Следна статијаНови слики ги покажуваат боите и изгледот на Galaxy S21
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.