Shutterstock.com

По одличната вест од заедничката вакцина на американската Pfizer и германската BioNTech, сега уште една компанија која работи со слична нова технологија, ги објави своите резултати и тие се уште подобри.

Moderna е исто така американска компанија која нивната вакцина ја развива врз основа на mRNA, наместо на стандардното деактивирање на вирусот и претворање во вакцина.

Вакцината од Moderna е при крај на третата и најважна фаза од тестирањето, каде се тестира вакцината на многу поголем број на доброволци од првите фази. Во случајот со Moderna, тестирањето е направено на 30.000 доброволци кои дел ја примиле вакцината, дел добиле „плацебо“.

Резултатите на вакцината на Moderna се уште повеќе надежни од тие на Pfizer и BioNTech. Причината за ова е во неколку резултати, а првата е секако во нејзината ефикасност.

Според првичните резултати, од доброволците 95 се заболеле со COVID-19, а само 5 од тие биле од тие кои ја примиле вакцината, додека останатите биле од плацебо групата. Ова значи дека вакцината има ефикасност од 94,5%, што е повеќе од таа на Pfizer и BioNTech, како и првичните информации за руската вакцина.

Втора работа која се истакнува како добра кај вакцината од Modern, нешто што не беше баш објавено кај другата вакцина, е спречувањето на посериозна форма на болеста доколку таа сепак се случи. Од 11 случаеви на серозна верзија од болеста, ниту еден случај не бил од тие 5 кои се разболеле, а сепак примиле вакцина.

Најважно можеби за земјите како нашата, вакцина на Moderna може да се чува на температура од 2 до 8 степени до 30 дена, а до 6 месеци може да се чува на температура од -20 степени.

Чувањето и транспортот на вакцината од Pfizer и BioNTech е до некаде проблем поради тоа што таа вакцина треба да се чува на температура од -70 степени, додека може да се чува на повисока температура до 5 дена.

Moderna ќе поднесе барање за добивање на одобрување за итна авторизација за употреба, а се најавува дека од компанијата оваа година ќе можат да пуштат околу 60 милиони дози кои веќе се во производство.

Исто како и вакцината од Pfizer и BioNTech, вакцината на Moderna е составена од две дози кои се примаат отприлика на 3 до 4 недели „растојание“, по што се развива имунитетот.

Според компанијата, бројот на негативни реакции од вакцината бил мал, а и времетраењето било кратко. Негативните реакции вклучуваат поголем замор, како и болки во телото, но се истакнува дека тоа е очекувано кај одреден процент од луѓето кога се прима вакцина која треба да предизвика силна имунолошка реакција.

Процентуално, 10% од учесниците имале замор, додека 9% искусиле болки во телото. Овие реакции обично се појавувале по примањето на втората, односно последната доза после која се развива имунитетот.

Оваа вест ги зголемува шансите дека веќе од пролет ќе може да почне вакцинацијата во повеќето земји во светот, а дека до идната зима би се вратиле во нормален живот, барем во голем процент.

ИЗВОРReuters
Претходна статијаQualcomm доби дозвола од американските власти да продава чипови на Huawei, но не и од најновите
Следна статијаMicrosoft со препорака да се користат апликации и USB „стикчиња“ за дво-факторска автентикација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.