Според неофицијалните информации, Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан на кој ќе ја претстави наредната генерација од Galaxy S серијата на почетокот од идната година. Поточно, датата која се најавува е 14-ти јануари, што значи дека идната година Galaxy S21 телефоните ќе бидат претставени и достапни цел месец порано од обично.

Повторно се очекува претставување на три различни модели, односно Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra.

Од тоа што можеше да се види, а од Android Police повторно го потврдуваат, е дека изгледот на телефоните ќе биде како на објавените „рендери“, односно како на насловната слика. Главната разлика е во модулот за камерите на задната страна, кој ќе се „прелева“ од страната на уредот со што се добива поразличен изглед.

Од Android Police ексклузивно излегоа со информации за карактеристиките кои ќе ги имаат овие телефони. Тоа што е ново и се истакнува е дека треба да се очекува основниот модел да биде изработен од пластика, нешто што одлично помина кај FE моделот оваа година, додека Ultra моделот ќе биде од стакло, со тоа што уште немаат информација од што ќе биде изработен „плус“ моделот.

Како што би се очекувало, Ultra моделот ќе биде најнапредниот и за овој пат се најавува дека овој модел ќе има поддршка за S Pen, но пенкалцето нема да биде вклучено во кутијата, а корисниците ќе треба посебно да го купат ако сакаат.

Исто така, за Ultra моделот се најавува дека ќе дојде со 4К резолуција и поддршка за прилагодлива стапка на освежување на екранот од 120 херци, додека кај другите два модели оваа стапка ќе остана достапна само со FHD+ резолуцијата, која можеби овој пат ќе биде и максималната достапна.

Трите модели ќе работат на новиот, уште не претставен Snapdragon 875, додека моделите за Европа, како и нашата земја, ќе работат на Exynos 2100, чип за кој се најавува дека ќе биде многу подобар од претходникот, а се најавува дека ќе биде и повеќе штедлив.

Камерите ќе останат скоро исти, со одредени прилагодувања и оптимизации, па така првите два модели ќе имаат 12, 12 и 64 мегапикселни камери на задната страна, додека Ultra моделот ќе дојде со 12, 108, 10 и 10 мегапиксели.

Се гледа дека Samsung нема да оди во правецот на Apple од оваа година со iPhone 12 моделите, да тие ги имаат во главно истите карактеристики, а во главно се разликуваат по нивната големина, додатната камера и сензорите. Разликата кај моделите од Samsung сепак е нешто поголема.

Од Android Police најавуваат и одредено намалување на цените на овие модели, а тука очекуваме дека најпривлечен ќе биде основниот Galaxy S21.

Сите детални карактеристики на Galaxy S21 серијата можете да ги погледнете на Android Police.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСемос Едукација на својата 25-годишнина присутен во над 20 земји во светот
Следна статијаПредизвици со кои се соочуваат медиумите за време на пандемијата КОВИД-19 и важноста на слободата на медиумите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.