(1 декември 2020 година) – Од денес, најновиот и најмоќен предводник на Huawei до сега – Mate 40 Pro, е достапен на македонскиот пазар, во продажните места на Македонски Телеком, по цена од 64.990 денари.

HUAWEI Mate 40 Pro се базира на Kirin 9000 чипсет од 5-нанометри со интегрирана 5G конекција, Ultra Vision Cine камера, 90Hz OLED дисплеј, жично 66W и 50W безжично полнење и впечатлив Space Ring дизајн.

„Серијата „Mate има многу обожаватели во нашата земја. Таа е израз на сила, моќ, креативност и победа – квалитети што секој од нас ги бара, особено во предизвикувачки времиња како денешните. Среќни сме што им го понудивме новиот Mate 40 Pro на потрошувачите во Р. С. Македонија само еден месец по неговата глобална премиера“, вели Лонгруи Циу, генерален директор на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија.

Футуристички дизајн со 88° Horizon дисплеј

Задниот дел на Mate 40 Pro го следи впечатливиот Space Ring дизајн и доаѓа во две бои – Ceramic Black и Mystic Silver. Предниот дел има 90Hz HUAWEI 88° Horizon дисплеј, што создава извонредно визуелно поле со мазни облини кои удобно се вклопуваат во раката. Слотот на предната камера е минимизиран, а сепак во него има 3Д отклучување со лице (3D Face Unlock), ултра-широка селфи камера и ултра-прецизен сензор за контрола на гестови.

Куќиштето има отпорност на вода и прашина од класата IP 68.

Врвна моќност со Kirin 9000 и GPU Mali-G78

Mate 40 Pro се базира на чипсет Kirin 9000, целосно дизајниран за 5G и за сите видови на интензивни чекори и мултитаскинг. Kirin 9000 е најсложениот 5nm 5G SoC, гарантира огромен скок на продуктивноста и енергетската ефикасност во споредба со неговиот претходник. Процесорот има тристепена енергетски ефикасна архитектура, а графичкиот процесор е 24-јадрен Mali-G78 – најмоќниот графички процесор инсталиран во Huawei уред. Резултатот е екстремно висока графичка изведба и неверојатно искуство со аудио и видео при играње игри. Екранот од 90Hz работи заедно со фреквенцијата на обработка на допир од 240Hz за да обезбеди брз одговор на вашите постапки. Овој систем е надополнет со два стерео звучници за да се создаде искуство на кино звук со супер бас дури и од мобилен уред.

Батеријата со голем капацитет од 4400mAh и интелигентно управување со напојувањето овозможува удобност при користење на паметниот телефон во која било ситуација, што е надополнето со технологија за брзо полнење – 66W SuperCharge, со адаптер вклучен во пакетот и поддршка за 50W Wireless SuperCharge.

Leica камера за неверојатни фотографии, видеа и филмови

Комплексниот фотографски систем на HUAWEI Mate 40 е развиен во соработка со Leica и вклучува Ultra-wide Cine камера, моќна главна камера со висока резолуција и перископ телефото-камера, обезбедувајќи многу можности за визуелно, креативно изразување од највисока класа. HUAWEI Mate 40 Pro дава посебен фокус на видеото – од влогови до сите различни видео формати, кои сè повеќе се користат како јазик на изразување на нашата личност и презентирање на нашиот бизнис. Благодарение на новата генерација на ултра-широкоаголната камера, корисниците можат да снимаат неверојатни видеа со широк агол. Снимањето висококвалитетно видео е полесно од кога било, благодарение на функцијата Steady Shot, а опцијата XD Fusion HDR обезбедува рамнотежа на експозицијата, дури и кога снимате во услови каде осветленоста драстично се менува. Другите додатоци вклучуваат следење на предметот со С Tracking Shot, а Story Creator дозволува вистински филмски ефекти директно од паметниот телефон. Позадинска музика, филтри и ефекти исто така може лесно да се додадат. Да не го заборавиме и аудиото – серијата HUAWEI Mate 40 нуди аудио фокус, аудио зум и пар стерео звучници. Уште повеќе, можете да ги користите новите Huawei FreeBuds Pro како професионален микрофон во процесот на снимање на Hi-Res аудио на видео содржините.

Фотографиите, пак, се безвременски визуелен јазик, а главната камера на Huawei Mate 40 Pro прави неверојатни фотографии со висока резолуција. Квалитетот на сликата е дополнително подобрен со Full Pixel Octa PD автоматски фокус. Подобрена корекција на дисторзија се применува на лицето, телото и екстремитетите, благодарение на што ултра-широкоаголната камера е применлива во многу ситуации на снимање. Фотографскиот систем вклучува и перископска телефото камера со 10x хибриден и 50x дигитален зум.

Посебно внимание се посветува на предната, селфи камера. Таа сега поддржува 4K и опција за снимање во 3 различни кадри – од најблискиот до ултра-широк кадар. Slow-motion селфи опцијата додава дополнителни креативни можности на предната камера.

До денеска, Huawei Mate 40 Pro е на врвот на престижното рангирање на DxO Mark и за главната и за селфи камерата на паметниот телефон.

Интуитивно и футуристичко управување

Интеракцијата со HUAWEI Mate 40 Pro е истовремено удобна, интуитивна и интригирачка, носејќи чувство од филмовите споено со технологии од иднината. Тоа може да се случи дури и без да го допирате уредот – на пример, со лизгање на раката за да го “разбудите” или со навигација низ екраните и менијата со мало лизгање нагоре, надолу, лево или десно. Исто така, поддржува “air gesture” за да одговорите на повик. Во меѓувреме, можете да создадете целосно прилагоден интерактивен дисплеј со сите важни информации што сакате да ги имате пред вас при отклучување со еден поглед.

Sвонењето на дојдовни повици може да се намали со само еден поглед, а автоматското „заспивање (sleep)“ може да се исклучи откако телефонот ќе го добие вашето внимание. Huawei секогаш го слуша својот корисник, и како резултат, волуменот на новиот Mate може да се контролира со виртуелни и со физички контроли, а напредни алгоритми се користат за да се спречат случајни реакции на допир.

EMUI 11 и Huawei Mobile Services

Huawei Mate 40 Pro е првиот уред со новиот интерфејс EMUI 11, кој нуди многу новини за безбедно и ефикасно работење. Системот Trusted Execution Environment е сертифициран како CC EAL5+, што е највисоко ниво на микрокернел за комерцијална употреба и има нови карактеристики за заштита на приватноста на информациите, вклучително и криење лични податоци како што се локација, време и информации за уредот при испраќање слики. Интеракцијата на повеќе екрани (Multi-screen collaboration) е од новата генерација и овозможува имплементација на неколку апликации истовремено при комбинирање на паметен телефон и компјутер. EMUI 11 исто така ја оптимизира потрошувачката на енергија и другите карактеристики на работењето на поврзаните уреди на Huawei од екосистемот 1+8+N, како што се новите over-ear слушалки FreeBuds Studio.

Mate 40 Pro се базира на Huawei Mobile Services и сопствената продавница за апликации – AppGallery, како и на сопствениот пребарувач Petal Search, кој комбинира практично пребарување на разни видови содржина, вклучително и апликации.

На македонскиот пазар

Уредот е достапен од 1 декември во продажните места на Македонски Телеком по цена од 64.990 денари.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.