ЕДУИНО Игратон ќе биде запаметен како настан со серија одлични и креативни изработки споделени преку социјалните мрежи на сите родители и деца учесници на ЕДУИНО Игратон. Над 160 семејства и над 230 пријави за игровни активности во домашни услови беа споделени од страна на родителите на децата.

Иако мотивот за учеството не беа наградите, 12 добитници на сет материјали за изработка на активности беа селектирани по пат на лотарија и случаен избор за време на отворениот вебинар за затворање на ЕДУИНО Игратон.

За време на отворањето на завршниот настан, Боре Пуцоски, Програмски координатор во УНИЦЕФ, додаде дека “во овој период многу е важно да поминуваме време со децата дома, бидејќи ако нешто може да ја намали анксиозноста и да ги смири децата тоа е да имаме активности дома, релаксирачки активности во кои не само што ќе учиме нови концепти и вештини туку и ќе ги подучуваме децата на корисни одбранбени стратегии, дека дури и кога времињата се менуваат и имаме некакви предизвици, сепак може да одиграме некоја активност како семејство, да дознаеме како се се чувствуваат децата...”

Овој Игратон не завршува тука, на ЕДУИНО колективниот портал за дигитални содржини, во секцијата за Активности и игри веќе од неодамна има над 150 активности на следниот линк, а сите родители и деца ги охрабруваме да се забавуваат со изработките и да ги  објават истите на социјалните мрежи користејќи ги  хаштазите #едуино #едуиноигратон

За наредните активности кои ЕДУИНО ги подготвува за вас и вашите дечиња, следете ја страната eduino.gov.mk, ЕДУИНО Фејсбук страна и ЕДУИНО Инстаграм профилот.

……

Едуино е колективен портал, замислен како библиотека со активности за учење и игра, наменет за креирање на отворени и бесплатни ресурси кои ќе помогнат во учењето на децата преку игра. Досега на порталот се објавени содржини креирани од страна на над 200 едукатори и соработници ширум државата, а поголемиот дел од нив се наменети и адаптирани за играње во домашни услови.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.