Оваа недела неофицијално беше објавена цената на Phone (1) од Nothing, кој ќе биде претставен на 12 јули. Со оглед на цената, шпекулациите околу тоа кој чип ќе се користи беа логични, а сега чипот го потврди и основачот на компанијата, Карл Пеи.

Чипот на кој ќе работи Phone (1) е Snapdragon 778G+, па ова можеби е и изненадување со оглед на големите најави за промените кои ќе ги донесе телефонот на пазарот. Иако се продаваат во големи количини, досега не сме виделе толку големо влијание на пазарот од телефон од средната класа.

Сепак, цената од 400-450 долари, дефинитивно ќе привлече доста корисници, посебно кога ќе се земе во предвид дека со Phone (1) се добива и интересно дизајниран уред каков што нема на пазарот.

Според Карл Пеи, изборот на Snapdragon 778G+ претставува баланс или како што тој кажува преку Twitter, ова е „најизбалансираниот“ избор.

Оваа изјава кажува дека со изборот на овој чип, телефонот може да се продава по пониска цена, а исто така корисниците ќе добијат уред кој ќе троши помалку енергија и со тоа батеријата ќе може повеќе да издржи.

Оваа верзија од чипот овозможува и безжично полнење на други уреди, како паметни часовници или слушалки.

Покрај досега прикажаната бела верзија, изгледа Nothing Phone (1) ќе има и црна верзија, која исто така ќе има делумно проѕирен заден дел со лед светилки кои ќе може да се наместат да светат различно за различни известувања.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаКомесарот на американската FCC ги повика директорите на Apple и Google да ја отстранат TikTok од продавниците за апликации
Следна статијаА1 Македонија за сите при-пејд и пост-пејд корисници на мобилна телефонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.