Фото: Shutterstock.com

Преку мал „тизер“ на кинеската мрежа Weibo, Motorola најави дека некаде во јули ќе го претстави првиот смартфон во светот кој ќе дојде со камера која има 200 мегапиксели.

Дека вакво нешто може да се очекува стана јасно минатата година кога Samsung го претставија нивниот ISOCELL HP1 сензорот со 200 мегапиксели кој доаѓа со „ChameleonCell“ технологија која овозможува групирање на 16 пиксели и добивање на една слика до 12,5 мегапиксели.

Името на телефонот кој ќе дојде со овој сензор уште не е објавено, но според неофицијалните извори, тој ќе биде во високата класа. Се најавува дека ќе дојде со Snapdragon 8+ Gen 1, кој е најнов чип од Qualcomm, како и со екран со стапка на освежување од 144 херци.

Според неофицијалните извори, во истиот период се најавува и претставување на третата генерација од Razr телефонот кој доаѓа со екран кој се преклопува како стариот телефон од оваа серија.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаIT Happy Hour во Скопје, Битола и Охрид
Следна статијаГо користевме и тестиравме Wi-Fi интернет пристапот во Скопје Сити Мол
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.