Samsung оваа недела го претстави својот нов сензор за фотографија за мобилните телефони ISOCELL HP1. Познати по своите одлични и напредни сензори, од Samsung повторно ја донесуваат својата најнапредна технологија на пазарот со карактеристики кои го привлекуваат вниманието на сите.

ISOCELL HP1 доаѓа со сензор од 200 мегапиксели, но може да се каже дека тоа не е единствената одлична карактеристика. Големината на пикселите кај сензорот е со 0,64 микрометри, што значи дека може да се вгради без проблеми кај мобилните уреди без да зазема повеќе простор од постојните сензори.

Со новата ChameleonCell технологија, наместо групирање на максимум 4 пиксели, ISOCELL HP1 може да групира дури 16 пиксели и со тоа да овозможи слика со 12,5 мегапиксели и големина на пиксели за таа слика од 2,56 микрометри.

Ова секако е најкорисно за сликање во ситуации кога има слаба светлина, а со волку голем пиксел сензорот нема да им проблем да направи одлична слика во било која ситуација.

ChameleonCell технологијата овозможува и групирање на 4 пиксели за резолуција од 50 мегапиксели, а секако може да се слика и со целосната резолуција од 200 мегапиксели кога осветлувањето е доволно добро.

Овој сензор може да се очекува да стане достапен во некои од телефоните кои ќе бидат претставени во месеците што следат.

Од компанијата претставија уште еден сензор, ISOCELL GN5 кој доаѓа со големина на пиксели од 1 микрометар и за првпат ја користи Dual Pixel Pro технологијата од Samsung.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Samsung
Претходна статијаА1 Македонија e најголемиот оператор со најбрза мобилна мрежа
Следна статијаApple го одложи скенирањето на сликите на корисниците за детска порнографија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.