Фото: Shutterstock.com

Apple минатиот месец најави дека со новите верзии од нивните оперативни системи, кои треба да станат достапни од септември/октомври, ќе започнат со скенирање на сликите на корисниците за детска порнографија.

Тие објаснија дека скенирањето ќе се прави само локално на уредот и дека целта е да се направи споредба со веќе пријавени слики, но сепак критиките дојдоа од повеќе страни.

Од компанијата најавија дека покрај ова, тие ќе воведат и скенирање на сликите кои се испраќаат преку пораки, само во нивниот сервис, нешто што уште повеќе доведе до критики посебно што сервисот од Apple е шифриран, па ова се смета како еден вид на негово заобиколување.

Поради критиките Apple на крајот се одлучија да го одложат воведувањето на овие нови функции. Не е точно јасно кога повторно ќе биде вратен планот за воведување, но од компанијата истакнаа дека во наредните месеци ќе се потрудат да направат промени врз основа на добиените критики.

„Минатиот месец ги најавивме нашите планови за функции замислени да помогнат во заштитата на децата од предатори кои ги користат алатките за комуникација да ги регрутираат и да ги искористат, како и да го ограничиме ширењето на материјал со детско сексуално злоупотребување. Врз основа на повратните информации од корисниците, истражувачите и други, одлучивме да одвоиме дополнително време во месеците што следат за да собереме информации и да направиме подобрувања пред да ги пуштиме овие важни функции за заштита на децата.“ – истакнаа од Apple.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаSamsung претстави сензор за фотографија кај мобилните со 200 мегапиксели
Следна статијаApple ги најави првите држави во САД кои ќе дозволуваат додавање на личните карти и возачки дозволи во Apple Wallet
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.