Qualcomm минатата недела, како што најави, одржа настан на којшто очекувано претстави два нови чипови, освежениот Snapdragon 8+ Gen 1 и Snapdragon 7 Gen 1. Вториот чип е и прв од својата класа кој го користи новиот начин на именување од страна на Qualcomm.

„Плус“ верзиите од Snapdragon или да ги наречеме освежени меѓу верзии, обично не донесуваат големи промени во перформансите, што е и очекувано, но сепак Snapdragon 8+ Gen 1 е важна верзија од овој чип.

Од компанијата истакнуваат дека Snapdragon 8+ Gen 1 донесува 10% подобрени перформанси, но уште поважно 30% подобрување кај потрошувачката на енергија, нешто што ќе направи голема разлика кај батеријата на уредите кој работат на овој чип.

Тоа што ќе направи да овој чип сепак има поголема промена од најавените е промената на процесот на производство со префрлување на истото кај TMSC. Иако останува да видиме што ќе покажат тестовите, промената на процесот на производство треба да ги тргне некои од проблемите со кои се соочуваа чиповите од Samsung и Qualcomm.

Од компанијата најавуваат дека првите уреди кои ќе ги видиме со новиот Snapdragon 8+ Gen 1 ќе бидат од Asus ROG, Oppo, Osom, Realme, Redmi, Vivo, Xiaomi и ZTE.

Snapdragon 7 Gen 1 е првиот од оваа класа чип кој го користи новиот начин на именување на чиповите кој Qualcomm почна да го користи од минатата година. Серијата 7 се користи кај уредите од средно високата класа, што значи дека со подобрувањата кои ги носи овој нов чип, може да се очекуваат одлични нови уреди на пазарот.

Qualcomm посебно ги истакнува подобрувањата кои ќе дојдат со Adreno графичкиот процесор кој ќе донесе 20% подобрување во споредба со претходната генерација од овој чип. Исто така, серијата добива можност за поставување на камери со 200 мегапиксели, што иако не делува како нешто што може да се очекува уште, сепак ги покажува перформансите на чипот.

Од компанијата ги најавуваат Honor, Oppo и Xiaomi како првите кои ќе претстават уреди со овој нов чип оваа година.

Сите карактеристиките на овие чипови можете да ги погледнете на овој линк.

ИЗВОРQualcomm
Претходна статијаЕвропското првенство во танци 2022 ќе спои 20 земји од Европа во Ист Гејт Мол
Следна статијаСеавус Code Talks посветен на .Net ќе се одржи на 31 мај во Крагуевац
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.