Фото: Shutterstock.com

По претставувањето на iPhone 16 серијата излезе информацијата дека Apple конечно ќе им овозможи на корисниците доста побрзо полнење на нивните телефони, со наводно можност за полнење до 45W. 

Ланските модели можат да извадат некаде околу 27W, што значи ако се користи посилен полнач од тој кој Apple обично го продава за iPhone, корисниците ќе добијат нешто подобра брзина на полнење, а се веруваше дека iPhone 16 ќе го однесе тоа на наредно ниво. 

Сепак, сега кога iPhone 16 серија е официјално достапна, тука се и првите тестови, па неофицијалната информација сепак испадна погрешна. 

Брзината на полнење изгледа е нешто поголема од досега, па наместо максимални 27W, iPhone 16 изгледа ќе може да достигне 30W.

Apple очигледно не сака да се приклучи на трендот од Android конкурентите кои повеќе години овозможуваат доста поголеми брзина, а да не зборам за кинеските конкуренти. 

Една од причините за тоа може да е заштита на батеријата која има помал век на траење кога се користат побрзи полначи. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft ја пушти Windows 11 2024 надградбата
Следна статијаWindows 12.1 концепт дизајн кој сигурно повеќе ќе им се допаѓа на корисниците од тој на Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.