Фото: Microsoft

Microsoft денеска започна со пуштање на главната годишна надградба на Windows 11, која изминатите неколку години се пушта еднаш годишно. Со тоа најновата верзија на Windows 11 станува 24H2, додека официјалното име на надградбата е Windows 11 2024 Update. 

Поголемиот дел од новините која ги донесува оваа надградба, а посебно тие кај кодот на системот, веќе се дел од новите Copilot+ компјутери, но и тие добиваат неколку дополнителни новини со 2024 надградбата. 

Microsoft оваа надградба ја означува како целосна „замена“ на оперативниот систем, односно доста основни елементи од кодот се заменети со нови. Ова е направено поради поголема интеграција на вештачката интелигенција во Windows 11, но и поради подобрување на перформансите и исправка на грешки. 

Корисниците дури пријавуваат дека нивните нешто постари компјутери работат видно побрзо со Windows 11 2024 надградбата, па доколку тоа биде случајот со повеќето корисници, Microsoft може да се заклучи дека имаат завршено одлична работа. 

Како и секогаш, надградбата ќе им биде пуштана на корисниците постепено, односно прво ќе ја добијат тие за кои е проценето дека нема да имаат проблем со нејзината инсталација. Како проблеми се истакнуваат можни некомпатибилни „драјвери“, како и друг софтвер. 

Корисниците кои не сакаат да чекаат да дојдат на ред, можат побрзо да ја добијат надградбата со вклучување на можноста во Windows Update наречена „Get the latest updates as soon as they’re available“. 

Новините кои ги донесува Windows 11 2024 Update се следните:

  • Поддршка за Wi-Fi 7
  • Подобрувања кај долната лента и „tray“ делот, како и кај контролниот центар
  • Подобрувања кај File Explorer со подобро означување на иконите кај менито кое се појавува со десен клик, поддршка за креирање на 7-zip и TAR датотеки, како и можност за префрлување на датотеки со нивно повлекување преку „breadcrumbs“ делот
  • Можност за гледање на датотеки од Android телефоните
  • Подобра заштеда на енергија без разлика дали се работи за лаптоп или десктоп компјутер
  • Вклучување и споделување на Wi-Fi мрежи со QR код
  • Подобрени контроли за приватност на Wi-Fi мрежите
  • Sudo за програмерите
  • Подобрено искуство при инсталација на Windows 11
  • Дополнителни информации преку „виџети“ на заклучениот екран
  • Нова Outlook апликација
  • Можност за бришење на позадината кај сликите со помош на ВИ
  • Интеграција на Phone Link со Старт менито

Официјалната листа со новини од Microsoft е достапна на овој линк.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаMicrosoft ги направи потребните промени кај Recall функцијата за да може да им биде пуштена на корисниците на Copilot+ компјутерите
Следна статијаНовата iPhone 16 серија сепак не доаѓа со доста побрзо полнење на батериите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.