Apple за време на презентацијата на новата iPhone 16 серија не најави ништо ново поврзано со брзината на полнење на новите телефони кои имаат нови и подобри батерии. Мерките кои тие ги презентираа се стандардно направени со нивниот 20W полнач, па не изгледаше дека има нешто ново на овој план. 

Сепак, врз основа на документи за сертификација од Кина, се доаѓа до информацијата дека новата серија може да се полни доста побрзо од претходните генерации. Според информациите, iPhone 16 серијата има поддршка за полнење до 45W, нешто што кај претходната генерација беше ограничено во најдобар случај до околу 27W. 

Ова значи дека корисниците можат да купат побрзи полначи и да го полнат нивниот нов телефон доста побрзо од досега. Покрај полначите од Apple, iPhone може да се полни до било кој друг полнач кој го поддржува PD стандардот, а не препорачувам да се купуваат поевтините полначи. 

Достапноста на iPhone 16 треба да започне од 20 овој месец, па ќе ги видиме и првите тестови на телефоните и потврдата на оваа информација. 

Поголемата брзина на полнење треба да е достапна на сите модели од новата iPhone 16 серија. 

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаСкопско го прославува својот 100-ти роденден
Следна статијаЕвропска недела на мобилност 2024
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.