Желбата за дружење, за добра музика, но и за омиленото пиво се работи кои се дел од нашата децениска традиција. Сакаме да се радуваме на мали работи, да уживаме во моментот, да ги славиме убавите поводи. Од секој роденден, слава, матура, свадба да креираме вредни спомени, да произлезат приказни кои долго потоа се прераскажуваат, а со Скопско да наздравиме.

Скопско е поврзано со сите наши прослави, со различни генерации, со секој од нас… а сега е време ние да наздравиме за Скопско. По повод својот 100-ти роденден, на 21 септември во Градскиот парк во Скопје (од фонтаната на Илинденска до езерцето), со почеток од 18 часот, Скопско ќе организира незаборавен настан што ќе ги обедини љубителите на домашната музика, но и љубителите на пивото, во единствена прослава.

Во срцето на Скопје ќе се потсетиме на сите убави моменти и ќе наздравиме за иднината, со ладно пиво, добра музика, мултимедијално шоу и одлична забава. 

Затоа, соберете го друштвото и дојдете во Градскиот парк за да бидете дел од големата роденденска забава на Скопско. Настанот е отворен за сите.

На здравје за Скопско и за следните 100 години.

Претходна статијаСвечено отворање на сертифицираната Винчини Академија за пекар, слаткар и кондитор
Следна статијаiPhone 16 серијата изгледа конечно доаѓа со можност за побрзо полнење