Фото: Apple

Новата iPhone 15 серија доби уште една можност која одреден период им е достапна на Android корисниците. Истата е замислена да го продолжи векот на батеријата преку ограничување на нејзиното полнење максимум до 80%.

Се смета дека држењето на батерија од околу 40% до 80% го подобрува нејзиниот век, а ова им е важно на корисниците на iPhone 14 серијата кои пријавуваа доста побрзо намалување на капацитетот за разлика од претходните генерации.

Корисниците на iPhone 15 новата можност ја имаат како дополнителен избор во прилагодувањата за батеријата, поточно во делот за нејзина оптимизација. Тие сега можат да изберат оптимизирано полнење, како и досега, никаква оптимизација или новата можност за полнење до 80%.

Од Apple објаснуваат дека по достигнувањето на 80%, телефонот веќе нема да се полни, а ќе продолжи доколку процентот падне под 75%. Дополнително, се истакнува дека од време на време батеријата ќе се полни до 100% поради задржувањето на точноста на предвидувањето на капацитетот на истата.

Претходна статијаMicrosoft претстави четири нови генерации од нивните Surface компјутери, сите со „for Business“ ознака
Следна статијаЗапочна Weekend.16 – Викенд на најдобриот регионален фестивал
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.