Ровињ, 22 септември 2023 г. – Со одлична забава, серија панели и предавања во исполнетите сали на стариот Тутунски комбинат во Ровињ, започна 16-тото издание на најдобриот Weekend во годината. Најголемиот регионален фестивал од областа на комуникациите, медиумите и бизнисот, под генерално покровителсто на Групацијата Адрис, годинава ќе собере околу 200 панелисти и предавачи, водечки регионални и светски експерти. Така, Ровињ повторно ќе биде центар на вмрежувањето, најновите трендови и одличната забава, која ја отвори сензационален тим на диџеи – Грег Вилсон, Јан Пули, Антонио Зуза, поддржан од Јутарњи лист и Пети Купе, а кои заедно со диџеј Бонџа ја загреваа публиката во Ровињ и го отворија Weekend.16 со забава до раните утрински часови. Петокот ќе се одбележува со забава, атрактивни предавања и панели со актуелни теми и динамични промени во сите области на креативниот бизнис.

„Ниту по 16 години не ми здосади да ги гледам насмеаните учесници на Викенд медиа фестивалот. Овој викенд го посветивме на темата за промените поттикнати од вештачката интелигенција, а која во исто време служи и како премиера на нашиот HR.Weekend. На сите им посакувам топло добредојде во најдобрата Weekend програма досега“, изјави Томо Рицов, програмски директор на Weekend. Директорот на Weekend, Борис Ковачек, најави голем број врвни предавачи, одлични панели и уште подобра забава, која е загарантирана во стариот Тутунски комбинат на Групацијата Адрис.

На панелот „TV survival kit,“ водителката и креативна продуцентка на РТЛ, Антонија Блаќе, водителот и продуцент на ХРТ Јошко Локас и водителката на Нова ТВ, Миа Ковачиќ, заедно со модераторот Петар Стефаниќ, заклучија дека телевизијата е сè уште незаменлива и ужива висок кредибилитет, што потврдува и фактот дека тоа е првиот медиум кон кој се обраќаме во кризни ситуации. Панелот „Love is in the ear“ нè потсети дека всушност звукот е медиум што најмногу ги стимулира емоциите. „Рекламната легенда“ на Канскиот фестивал за рекламен филм, Ралф ван Дијк, ја поведе целата публика низ мистериозниот свет на звукот и неговата моќ да инфилтрира брендови во свеста на поединците, но и уште поважно – во колективната свест.

Големо внимание привлече предавањето на Дејвид Силверман, консултант, продуцент, аниматор и режисер на култната серија Симпсонови, кој во панелот Феноменот на Симпсонови во еден разговор со Данијел Билиќ, откри сè за културниот феномен и што се крие зад познатиот извик „ДОХ!“. Тој откри и дека омилен лик му е кловнот Красти. „Неговата изведба и пишување се целосно надвор од рамките и отсекогаш ми беше омилена работа за анимирање“, рече Силверман.

А за културата се разговараше на панелот „Колку чини килограм култура?“ во кој беа дадени одговари на прашања како: дали трапот може да ја замени класичната музика и како културата во регионот да се претвори во извозен производ. Предраг Грубиќ, директор за корпоративни комуникации на Групацијата Адрис, Иве Храсте-Сочо, интендент на ХНК во Загреб, Матеј Мештровиќ, единствениот хрватски пијанист и композитор, кој имаше светски настап во Карнеги Хол, Весна Каруза Подгорелец, уредник на ХРТ и модераторот, проф. д-р. Божо Скоко, заклучија дека е важно да се зачуваат културниот идентитет и традицијата, но во исто време треба да се развие културна индустрија која може да привлече меѓународно внимание. „Живееме во време на пакување кое ја презира содржината“, истакна Грубиќ.

Деловниот свет на Weekend носи и успешни хрватски приказни. Двајца амбициозни лидери, оперативниот директор на Sofascore, Иван Белишиќ, и основачот и директорот на Span Никола Дујмовиќ, заедно со модераторот Дамјан Рудеж, директор на Sunset Sports Media Festival, споделија увид во нивниот завиден деловен пат, и на панелот „Како да се остане независен? се обидоа да објаснат зошто решиле да останат независни. „Како да се одолее? Многу едноставно – не правете го тоа. Не се продавајте“, заклучија панелистите и ја воодушевија публиката.

Петок ќе биде одбележан и со деловни теми, па така на панелот „The Good, The Bad, and The Wolf,“ оригиналниот „Волк од Волстрит“, Џордан Белфорт, во живо од Мајами ќе раскажува сè за тајните на бизнисот и продажбата. За бизнисот во светот на модата и луксузот ќе зборува Тања Голешиќ, извршна директорка на брендот Mackage и најмоќната Хрватка во глобалната модна индустрија, која во разговор „One on one: Rules of the luxury marketсо Јелена Вељача ќе открие како да се создаде луксузен бренд. Предавањето кое не треба да се пропушти, секако, е она за моќта на преговарањето, кое ќе го одржи др. Јуџин Б. Коган, основач и генерален директор на Kogan Global Advisory и наградуван експерт од Харвард за присилно преговарање и динамиката на моќта, под наслов „I’m gonna make him an offer he can’t refuse“.

Еден од најпознатите воени фотографи, Јан Граруп, доаѓа на Weekend, а со предавањето „Фотографија – најмоќната приказна ќе овозможи уникатен увид во неговиот концепт на фотографија, но и ќе ги сподели искуствата и предизвиците од фотографирањето во услови на војна и природни катастрофи, како и одговорноста за пренесување на најтешките животни приказни. Поучен од сопственото искуство на исцрпеност, Аљош Багол, угледниот словенечки креативен директор и автор, ќе одговори на вечното прашање – што е всушност среќа. Првиот ден на панели и предавања ќе заврши со „Deus Machina,“ предавање на водечкиот хрватски астроном и основач на опсерваторијата Вишњан, Корад Корлевиќ, кој ќе даде увид во влијанието на вештачката интелигенција врз човечката раса и односот на современиот човек кон машините.

Секој петок не е исклучок, но петокот на Weekend е! За да не биде само обележан со деловни теми, Weekend.16 подготви и грст забавни содржини. Покрај „Zagreb Art Singularity: When AI Meets Creation,“ првата изложба создадена со вештачка интелигенција и организирана од Аца Момчиловиќ, ко-основач на Институтот за етика во глобалната вештачка интелигенција, вечерната атмосфера ќе ја загреат Дино Антониќ и DVP band и диџеј Роберт Марековиќ на „Забавата на големиот Перица. Вистинска ѕвезда на вечерта дефинитивно ќе биде Грше, популарниот трапер, кој ќе ја натера публиката во Ровињ да ги пее неговите хитови како „Mamma mia“ и „Sip“. Диџеј Бонџа, кој ќе ја заокружи втората вечер од Weekend и ќе ги подготви посетителите за уште еден ден со интересни предавања и панели, ќе обезбеди одлична атмосфера до раните утрински часови.  

Повеќе детали за синоќешната забава, како и за целата програма на Weekend, можете да најдете тука, а сите новости можете да ги следите преку официјалните профили на фестивалот на FacebookInstagram и Linkedin .

Претходна статијаiPhone 15 телефоните имаат можност за ограничување на полнењето на батеријата до 80%
Следна статијаKаратистите на „Макпетрол“ освоија шест медали на Балканското првенство во Тирана