iphone-6-

Веќе неколку пати пишувавме дека двата нови iPhone-и (а можеби и три?) ќе имаат екран на допир со Force Touch технологија, кој ќе препознава колку силно притискате на него и според тоа ќе активира различни функции и можности во оперативниот систем, исто како Apple Watch и новиот MacBook.

Според нови информации, Apple не само што ќе го вградува овој систем, туку веќе има направено и неколку подобрувања. Така, за разлика од уредите кои веќе го имаат системот, а кои препознаваат две нивоа на притисок, овој систем ќе препознава три различни нивоа на притисок. Поради тоа, Apple веројатно во името ќе додаде 3D.

Force Touch можностите инаку ќе може да се користат во неколку различни апликации, како на пример Maps апликацијата, каде корисникот ќе треба само силно да притисне на дестинацијата за да добие навигација дотаму.

Во Music апликацијата, со посилно притискање на некоја песна може истата брзо да се додаде во некоја плејлиста, додека на почетниот екран, може да се изберат брзи функции за некои апликации – со силно притискање на Phone директно да активирате Voicemail и сл.

Можностите на новиот 3D Force Touch ќе им бидат достапни и на дивелоперите на апликациите од пазарот за апликации, кои можат да ги користат за најразлични други функции.

Новите iPhone модели треба да бидат претставени на 9ти септември и покрај “3D Force Touch” со сигурност ќе имаат поцврста структура, а со цел да не се виткаат лесно како актуелните модели, но ќе го задржат истиот дизајн. Конечно, камерата ќе има 13 мегапиксели и ќе може да снима 4K видео.

Извор: 9to5 Mac, GSM Arena

Претходна статијаPolaroid Snap камерата инстантно печати фотографии, чини само 99 долари
Следна статијаHaier претстави иновативен и потенцијално револуционерен систем за ладење