apple-event

Како што се претпоставуваше и шпекулираше, Apple ќе одржи настан на 9-ти септември. Се разбира за што точно ќе биде настанот нема официјално да дознаеме до неговото одржување, меѓутоа претпоставките се обично точни.

На овој настан се очекува да бидат преставени новите генерации од iPhone, односно iPhone 6s и iPhone 6s Plus, како и финалната верзија од iOS 9. Исто така се очекува претставување на нова верзија од оперативниот на паметните часовници од Apple, а можно е и претставување на нов AppleTV.

Она што е интересно за овој настан е што првпат ќе биде овозможено гледање на преносот во живо и за корисниците на Windows. Поточно стримингот ќе биде достапен за корисниците на Windows 10 преку Edge прелистувачот.

Обично до сега преносите беа овозможени само за корисниците на Apple, па другите беа приморани да се снаоѓаат на друг начин или да чекаат да излезе снимката.

Можноста за стриминг преку Edge доаѓа поради поддршката на овој прелистувач за HLS (HTTP Live Streaming), но се разбира тука треба да се земе во предвид и популарноста која што до сега ја покажува Windows 10.

Настанот ќе се одржи на 9-ти септември почнувајќи од 19:00 часот според македонско време.

Извор: Apple

Претходна статијаHuawei прв ќе лансира телефон со “Force Touch”?
Следна статијаОва се новите Microsoft Lumia 950 и 950 XL!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.