mashable_IFA2015_haier-13

За што би била интересна кинеската компанија Haier, произведувач на бела техника?! Што толку може да биде интересно во микробранови печки, клима-уреди, машини за перење садови и слични домаќински уреди? Што велите за скоро безшумен, многукратно поефикасен и помал, безмоторен ладач за вино кој наскоро веројатно ќе се претвори во генерален фрижидер?

Од Haier го демонстрираа својот најнов ладач за вино кој може да оддржува совршена температура на виното со многу помалку енергија, без бука и без подвижни делови, а модулот кој го извршува ова е околу 100 пати помал отколку стандарден компресор.

haier-magnetic-cooling-solid-state-wine-fridge-3-970x647-c

Да, добро прочитавте – модулот може да се држи во рака и работи на принцип на природното изменување на топлината меѓу водата и јаглеродниот двооксид кое, според Haier, е 8 пати поефикасно од тоа кај денешните фрижидери кои работат со компресор. Јачината на звукот кој се добива со ваквиот систем е 30 децибели, што е многу тивко, а според Haier не постојат вибрации или температурни флуктуации. Ова значи дека кога ќе ја нагодите температурата на 5 или 15 степени, таа и ќе остане без промени.

Технологијата на ладење е еколошка, што е плус. Самиот фрижидер има екран осетлив на допир кој овоможува одбирање на температура и следење на внатрешната состојба. Од Haier најавија генерални фрижидери со истата технологија, па останува да помине некоја година и да си купиме еден ваков супертивок и суперефикасен фрижидер кој убаво ќе се поклопи со тенденцијата за порационално искористување на енергијата и префрлање на обновливи извори.

Извор: Mashable, Digital Trends

Претходна статија“Force Touch” системот во новиот iPhone ќе биде понов и подобар од оној во MacBook
Следна статијаВчера заврши првиот StartQube – летен камп за млади претприемачи и стартапи