samsung-hero

На специјалната Black Hat Security конференција за сигурност и безбедност на електронските уреди, двајца хакери открија дека е многу лесно да се откријат отпечатоците од прстите на сите Android уреди, додека тоа е многу потешко да се направи кај iPhone.

Според Тао Веи и Јулонг Жанг, системот за скенирање на отпечатоците во Android оперативниот систем е многу лесен за пробивање и за тоа треба да имате само “root” пристап, нешто што хакерите можат многу лесно да го пробијат. На овој начин, хакерите успеале буквално да ги земат самите отпечатоци од прстите, кои потоа би можеле да се искористат во секакви цели.

Интересно, проблемот е уште поголем кај оние кои имаат телефон кој веќе има “root” пристап, односно тогаш отпечатоците од прсти се буквално достапни без никаква заштита. Со оглед на тоа дека ваквиот скенер корисниците често го користат за онлајн плаќање, кражбата на овие информации може да биде голем проблем – доколку ви ја украдат лозинката можете да ја смените, но не можете да ги смените вашите прсти, нели?

Засега, сите Android уреди кои имаат ваков скенер, како Galaxy S серијата на Samsung, HTC One Max и некои кинески уреди се подложни на ваквата хакерска закана. За разлика од нив, иако е лесно да се пристапни со скенерот кај iPhone, хакерите не успеале да ги украдат отпечатоците од прстите, бидејќи се добро енкриптирани и бараат клуч за да се пристапи до нив.

После оваа информација, Google, исто како и производителите на паметните телефони, со сигурност ќе преземат мерки за заштита на податоците на корисниците, особено што се работи за сериозен пропуст.

Извор: Engadget, ZDNet

Претходна статијаLexus конечно го откри на јавноста својот летечки скирол
Следна статијаMicrosoft лансира “qwerty” тастатура за Xbox One, која може да се смести во џојстикот