Apple денеска ја најави датата кога ќе ги претстави своите нови iPhone телефони, односно тие ќе бидат претставени на 12 септември. Како и обично, поголемиот дел од информациите ги добиваме од неофицијални извори, па претставувањата се само за нивна потврда и можеби по некоја останата „ситница“.

Па така, според информациите, ќе бидат претставени три iPhone модели направени во стилот на iPhone X, односно ќе има втора генерација од овој телефон, ќе има поголема 6,5 инчна верзија, како и поевтина верзија со 6,1 инчен екран и избор од повеќе бои.

Покрај телефоните, се очекува претставување и на четвртата генерација од Apple Watch, којшто треба да дојде со поголем екран и повеќе фитнес функции.

Дечките од 9to5Mac објавија ексклузивни слики од двата појаки модели, а најавија и дека тие официјално ќе бидат наречена iPhone XS. Покрај овие два модели, кои и не се гледаат баш толку многу, тие објавија и слика од Apple Watch 4.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаЗа фанови на Lovecraft: 5 кратки раскази кои треба да ги прочитате
Следна статијаHuawei го лансира Kirin 980, првиот светски комерцијален 7nm SoC процесор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.