H.P. Lovecraft (1890 – 1937) е една од најпознатите легенди на американскиот (cosmic) хорор. Неговите дела обработуваат слична тематика на соочување со незамисливи чудовишта за човечкиот ум, за т.н. Elder Gods кои демнат заробени во безвременската темнина или пак т.н. Other Gods, екстра-космички богови чии намери не можеме ни да ги разбереме без да полудиме.

За оние кои сакаат да се запознаат со Lovecraft, најдобро е да почнат со The Call of Cthulhu (приказна за култ кој верува и честува антички бог и почеток на т.н. Cthulhu Mythos), The Shadow over Innsmouth (за чуден град чии жители не се она што изгледа на прв поглед), The Dunwich Horror или пак At The Mountains of Madness.

За поголемите фанови, во прилог 5 кратки Lovecraftian приказни од други автори (првите три предлози се дел од колекцијата на Neil Gaiman, A Mountain Walked).

  1. The House of the Warm – Mearle Prout

The House of the Worm е еден од само трите раскази од авторот за кој нема никакви други податоци (што додава на мистеријата). Приказната е објавена во октомври 1933 година и му се допаднала дури и на самиот Lovecraft. Иако истата не е сместена во т.н. Cthulhu Mythos, ќе им се допадне на сите кои уживале во The Call of Cthulhu. Станува збор за борба против непознато зло во длабочините на едно шумско гратче, и обработува провокативна идеја – дали ако доволно луѓе веруваат во нешто доволно силно може ли истото да се материјализира во „тврда“ форма?!

  1. Far Below – Robert Barbour Johnson

Според многумина, еден од најдобрите раскази кој некогаш бил објавен во познатата публикација Weird Tales (во октомври 1927 година). Египетскиот Бог Nyarlathotep на Lovecraft е залутан во американските тунели каде што не поминуваат вообичаените линија на метрото. Посебна единица се грижи злото да не излезе на површина. Но оваа борба не е без последици до хероите од подземјето. Возбудлива приказна.

  1. The Deep Ones – James Wade

Според мене, ова е највозбудливата приказна на оваа листа (со исклучок на четвртиот предлог). Не кажувам повеќе. Има делфини, или нешто слично.

  1. An Introvert God – Damjan Cvetkov Dimitrov

Ова е дело од наш „автор“ (во наводници само бидејќи не е редовен автор на приказни) кое заслужува да биде на оваа листа. Обавезно вреди да се прочита од секој Lovecraft фан. Особено што вклучува прејаки графики од Nina Geometrieva, гуглер од Македонија.

И за крај нешто поразлична препорака.

  1. The Endless

Станува збор за еден од најдобрите Lovecraftian филмови. Паметен хорор снимен со многу мал буџет. Режисерите се всушност и двајцата главни личности. Ова ќе биде култен филм. Верувајте ми. Гледајте го додека сеуште не е познат помеѓу филмските фанови. Чувството е уште подобро. :)

Претходна статијаРСБСП: Одличен 5 ако внимаваш на децата во сообраќајот
Следна статија9to5Mac ексклузивно го пренесува изгледот и името на новите iPhone XS