Конечно ја имаме официјалната дата кога Apple ќе ја претстави наредната генерација од својот iPhone за кого според сите досегашни неофицијални информации се очекува да дојде во три варијанти. Оваа информација оваа недела ја потврдија и од Bloomberg преку нивни извори кои остануваат анонимни.

Настанот ќе се одржи на 12 септември во Купертино, односно во седиштето на Apple, а на поканата се гледа дека тоа ќе биде во новиот кампус на компанијата кој на изглед потсетува на вселенска чинија. Почетокот на презентацијата ќе биде во 19:00 часот според македонско време, како и секогаш тој ќе може да се следи во живо, а сите важни информации навремено ќе бидат објавени на Смартпортал.

Инаку, се очекува Apple да претстави три нови iPhone модели, сите направени во стилот на ланскиот iPhone X. Еден од моделите ќе биде втора генерација од ланскиот X, додека се планира претставување и на уште еден поголем X модел со 6,5 инчен екран.

Покрај овие два модели, се очекува претставување и на уште еден, 6,1 инчен, но поевтин модел којшто ќе дојде со LCD, наместо OLED екран, а ќе има и избор од повеќе бои.

Покрај новите iPhone модели, се очекува претставување и на нов Apple Watch, кој треба да има поголем екран, како и нови можности за фитнес и здравствени активности. Исто така, можно е претставување и на нова генерација од iPad Pro таблет компјутерот.

ИЗВОРApple
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung во рамки на IFA 2018 претставува “Real 8К” резолуција и “8К AI” зголемување на резолуцијата за “QLED 8K”
Следна статијаКако никогаш повеќе да не заборавиш лозинка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.