Изминативе 20-тина години се изнагледавме како полицијата и детективите во најразлични филмови (пред се во CSI сериите) изоструваат фотографии кои се толку многу пикселизирани што не може да се забележи што има на сликата, во корисни фотографии на кои може да се види „убиецот“.

Вакви технологии наскоро би можеле да станат реалност, благодарение на компјутерите со машинско учење, кои овозможуваат чистење на фотографиите, односно вадење на детали кои се загубени со намалување на фотографиите или пак со нивна JPG компресија.

Сервисот за кој зборуваме денес е целосно бесплатен и можете уште веднаш да го испробате на letsenhance.io, по можност со некоја полоша фотографија, на која се загубени многу фини детали. Овој сервис користи машинско учење (односно популарно познато како вештачка интелигенција) за да извади повеќе детали од фотографиите, а особено фини детали како текстури и влакна.

Засега, сервисот не работи најдобро со секаков тип на фотографии. Го испробав со фотографија од автомобил и не само што не ја подобри, туку ја расипа и ја направи како да е нацртана со водени боици. Колегите од The Next Web имале подобри резултати со фотографии од мачка, каде јасно може да се види дека сервисот има извадено повеќе детали од крзното на мачката. Како и да е, пробајте со своја фотографија, можеби ќе ви успее – јас во меѓувреме ќе останам верен на Photoshop.

Извор: The Next Web, Petapixel, Let’s Enhance

Претходна статијаXiaomi го надмина таргетот за продажба во 2017 година уште во октомври
Следна статијаПовеќе Steam гејмери користат Windows 7 отколку Windows 10
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments