Вториот најголем кинески производител на паметни телефони, кој е познат по тоа што има модели со многу ниска цена и високи перформанси, годинава ќе ја заокружи како исклучително успешна. Имено, нивниот таргет за продадени смартфони во 2017 година беше 70 милиони, кој го надминаа уште во месец октомври, за што заслужни беа неколку модели од високата класа.

Претходно, најдобриот резултат на Xiaomi беше 71 милион продаден смартфон, што значи дека оваа година тие сигурно ќе постават нов рекорд во продажба. Xiaomi инаку ја одбележа успешната година со отворање на најголемата “Mi Home” продавница во градот Шенжен во Кина, која се протега на два спрата и вкупно 650 метри квадратни.

Минатото тримесечје инаку Xiaomi оствари извонреден раст на продажбата од 102,6% во однос на истиот период минатата година, односно во превод 27,6 милиони смартфони. Благодарение на овој раст, тие имаат 7,4% удел на пазарот на смартфони и го држат петтото место, за разлика од само 3,7% минатата година.

Планот за наредната година на Xiaomi не вклучува само раст на продажбата, туку и влез во топ 500 Enterprise компании во светот, што би било извонредно постигнување за компанија која не постои подолго од една деценија на сцената, но многу логично за бренд кој има импресивни смартфони како на пример Xioami Mi Mix 2 во своето портфолио, кои згора на тоа имаат и коректно поставена цена.

Извор: ZDNet, XDA, NDTV

Претходна статијаQualcomm спрема Snapdragon 840, 845 и 855 чипови
Следна статијаНов сервис користи машинско учење за да ги подобри вашите фотографии, бесплатно