Фото: Shutterstock.com

Netflix продолжува да покажува дека понудата на игри како нова категорија на содржина е нешто што од компанијата сериозно го сфаќаат и треба да се очекува уште повеќе од нив во иднина. Иако сервисот е познат по стриминг на содржината, за почеток игрите се достапни само на мобилните телефони и се инсталираат како и секоја друга апликација. За во иднина може да се очекува нивна достапност и на телевизорите, како и преку нивен стриминг наместо инсталација.

Од компанијата изминатиот период ја збогатија понудата на игри кои корисниците можат да ги најдат преку нивната Netflix апликација, а сега купија и уште едно гејминг студио, трето по ред.

Се работи за студиото Boss Fight Entertainment кое произлезе од затворањето на познатото студио Zynga. Оваа компанија е со седиште во Тексас, САД и се познати по играта за мобилните телефони Dungeon Boss.

Сериозноста во понудата на игри од страна на Netflix може да се каже дека доаѓа од големата конкуренција која ја има сервисот кој едно време беше главниот, па и скоро единствен. Сега на пазарот, па и на нашиот, се достапни повеќе сериозни конкуренти, а Netflix не ретко се критикувани за преголемо влијание од страна на „woke“ заедницата во САД, што влијае и на гледаноста на нивните филмови.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаApple ги намалува нарачките за производство на новиот iPhone SE поради помала побарувачка
Следна статијаЕлектричните автомобили во иднина ќе може да се полнат за неколку минути благодарение на квантната технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.