Netflix оваа недела најави три нови игри како дел од нивниот уште не толку голем избор од мобилни игри кои корисниците можат да ги играат на Android и iOS. Две од игрите се веќе достапни и може да се играат, додека првата FPS игра на Netflix е најавена за наскоро.

Двете нови игри кои веќе се достапни се This is A True Story и Shatter Remastered. Првата игра е во категоријата на „role-playing“ со приказна направена на основа на вистински случувања, каде улогата ја има жена која се бори со начините да најде вода за пиење за нејзиното семејство. Ова се истакнува како голем проблем во одредени делови од светот.

Втората игра е преработка на истоимената ретро игра од 2009 година која прво беше пуштена за PlayStation. Новата верзија има повеќе нови нивоа, а играта е во категоријата на „brick breaking“ игри.

Третата игра е можеби таа која ќе привлече и најголемо внимание, а е во FPS категоријата со тематика поврзана со зомбија. Играта е наречена Into The Dead 2: Unleashed и е најавена како достапна наскоро.

Игрите на Netflix најлесно може да се најдат во посебниот дел на Android и iOS апликација од компанијата, по што се инсталираат преку соодветните продавници за апликации. Може да ги играат само претплатниците на сервисот.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаITALIAN DESIGN DAY 2022: „Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“
Следна статијаМОДЕРНО ОНЛАЈН ШОПИНГ ИСКУСТВО – МИНИСО со нова онлајн продавница за македонските потрошувачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.