Скопје, 23.03.2022 – Глобално распространет, со мастер франшизи во повеќе од 80 земји во Европа, Азија, Латинска Америка, Океанија, Африка, и со над 30 под-франшизи исто така низ светот, МИНИСО веќе повеќе од 3 години постои на македонскиот пазар со уникатна палета на модерни и практични производи за различни вкусови по достапни цени.

Водејќи се по светските трендови и потребата на купувачите во нашата земја за заштеда на време и можност за купување од било каде во било кое време, новата онлајн продавница на МИНИСО Македонија е веќе достапна 24/7 за сите љубители на онлајн шопингот, а црвеното лого со знак за намигнување е веќе препознатлив симбол кај голем број на македонски купувачи.

Адаптирајќи се согласно потребите на потрошувачите, онлајн продавницата на МИНИСО Македонија нуди повеќе од 8000 производи, за различни возрасти и интереси, во голем број разновидни категории како канцелариски материјали, козметика, ароматични производи, чанти и аксесоари, електроника и електрични уреди, играчки, нега на кожа, и други.

На МИНИСО онлајн шопот, со само неколку лесни чекори, можете да го направите најдобриот шопинг досега, од било кое место каде што се наоѓате и имате достапност до интернет, — додека одморате во опуштена атмосфера од комфорот на вашиот дом, или пак можеби од вашиот мобилен уред додека сте во движење или го пиете вашето омилено кафе со пријателите, каде главна тема е кои МИНИСО производи се најомилени и зошто.

„MINISO со повеќе од 4.200 отворени продавници во над 80 земји и региони од 2013 година, има цел да прерасне во бренд, совршено усогласен со денешните млади, појасно разбирајќи ги нивните ставови и однесувања, за да им го донесе најпријатното можно искуство за купување. Станува збор за еден од најфлексибилните бизнис модели на малопродажба – почнувајќи од структурата на работење на франшиза, па сè до материјалите од светска класа за набавка на синџири на снабдување и производство кои истиот ги нуди, што за нас, на некој начин, беше еден од клучните фактори да го донесеме Минисо во Македонија,“ изјави Кристина Маркоски Зимбакова,  генерален директор на Минисо Македонија.

Интересен е фактот што основачот на МИНИСО, Ye Guofu, инспирацијата за својата нова компанија ја добил додека бил на одмор со своето семејство во Јапонија во 2013та година. Тој ја започна приказната на овој глобален продажен ланец, како бренд којшто допира и се истоветува најмногу со младите луѓе, во време на период на кинеската економска трансформација, кога ја искористи можноста да започне нов бизнис модел во Кина, кој речиси го монополизирал офлајн протокот на купувачи во земјата.

МИНИСО својата инспирација за производите воглавно ја црпи од јапонската мода и животен стил, а она што посебно го издвојува од останатите е и соработката со светски познатите имиња како Coca-Cola, Marvel, Hello Kitty, Sesame Street, Mickey and Minnie, Pink Panther и We Bare Bears.

Онлајн продавницата на МИНИСО Македонија, покрај онлајн поддршката достапна 24/7, вклучува и други големи придобивки за корисниците, како бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари, безбеден систем при плаќање и 100% поврат на средства, односно до 15 дена враќање на пратка.

Еден од главните фокуси на МИНИСО Македонија е обезбедување неизмерна поддршка на младите македонски пејачи, а доказ за тоа е соработката со младата пејачка Лара Иванова, која е бренд амбасадор на МИНИСО Онлајн, а која заедно со познатите уметници Роберт Билбилов, Александра Јанева и Полина, веруваат во успехот на овој бренд и ветуваат многу изненадувања во склоп на понатамошната соработка со ова глобално име достапно и кај нас.

Овој онлајн шоп е почеток на сѐ она што МИНИСО има во план за во иднина, а целта ќе биде секогаш иста, – лесен и брз начин на купување на модерни и практични производи и гаџети по достапни цени за секого.

Новата онлајн продавница на МИНИСО Македонија е достапна на следниот линк: https://minisomacedonia.com.mk/

Претходна статијаNetflix најави три нови игри за нивните претплатници
Следна статијаSamsung го подарува Galaxy Watch4 со купување на Samsung Galaxy S21 FE 5G