Apple ја претстави најновата верзија од нивниот поевтин iPhone SE пред само три недели, а според информациите нарачките за негово производство веќе се намалени од страна на компанијата. Причината за тоа се истакнува дека е во помалата побарувачка за телефонот.

Веднаш може да се помисли дека помалата побарувачка е поради дизајнот којшто од Apple уште го користат кај овој модел, кој го вклучува Home копчето, поголеми рамки, како и една камера, а тука е и доста малиот екран за денешни стандарди.

Од друга страна телефонот доаѓа со најновиот чип од компанијата, A15 Bionic, па корисниците кои сакаат да земат iPhone по пониска цена, ќе бидат сигурни барем дека ќе ги добијат познатите iPhone перформанси.

Главната причина зад помалиот интерес најверојатно може да се побара во војната во Украина, односно несигурноста која ја прави ситуацијата, инфлацијата, а тука е и откажувањето на продажбите од страна на Apple во Русија.

Според информациите, од компанијата ги имаат намалено нарачките и за AirPods слушалките, како и за iPhone 13, но ова се верува дека е прилагодување поврзано со периодот од годината.

Овие информации за Apple може да бидат основа за проценка и на останатите компании, односно за почеток на гледање на одредени последици како резултат на војната.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаiPhone 14 Pro ќе дојде со поголем модул за камерите и нов сензор со 48 мегапиксели
Следна статијаNetflix сериозно гледа на својата понуда на игри, купи уште едно гејминг студио
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.