Фото: Shutterstock.com

До претставувањето на новата генерација од iPhone, односно iPhone 14 серијата, има уште околу шест месеци, но повеќето информации за овие уреди веќе се излезени. Од тоа што можевме досега да го прочитаме е дека телефоните ќе го задржат сегашниот дизајн, а ќе имаат само мали промени, додека главната промена ќе биде во исечокот на екранот.

Наместо сегашниот исечок, кој е познат и се користи уште од iPhone X, иако минатата година е доста намален, iPhone 14 Pro моделите ќе имаат мала дупка за камерата, како и уште една нешто поголема во форма на „апче“ дупка за Face ID системот. Со ова iPhone ќе продолжи да изгледа различно од Android конкурентите во овој дел.

За Face ID системот веќе има најави дека идната година ќе биде поставен под екранот, а технологијата за тоа ќе ја овозможи Samsung, но има време до тогаш.

Како доста сигурна информација исто така може да се смета и информацијата за промената кај камерите. Едната од камерите барем, ќе добие сензор од 48 мегапиксели, што е зголемување од повеќекратното користење на сензорот со 12. Оваа промена се очекува дека ќе биде само кај Pro моделите, па „обичните“ модели ќе го задржат постојниот систем.

Поради оваа промена се најавува и дека модулот за камерите ќе биде поголем, но нема да биде целосно споен со телото на телефонот, како што имаше неколку пати најави. Модулот ќе биде поголем и по ширина, но и дебелина, а се најавува и мало зголемување на дебелината на телефоните.

Според Минг-Чи Куо, дијагоналата на новиот сензор ќе биде за 25-25% поголема, додека дебелината, односно висината на целиот модул за 5-10%.

iPhone веќе е подебел телефон од повеќето конкуренти, па ваквите промени може да не бидат добредојдени за корисниците, па се надеваме дека сепак овие информации нема целосно да се покажат како точни.

ИЗВОРAppleTrack
Претходна статијаПанел дискусија во рамки на „ЕУ за општините“: Дигитализацијата на општинско ниво овозможува подобри услуги за граѓаните
Следна статијаApple ги намалува нарачките за производство на новиот iPhone SE поради помала побарувачка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.