Според извори на Bloomberg, Apple работи на воведување на систем за претплата за нивните уреди, исто како што веќе одамна има систем за претплата на сервиси, како што е Apple Music, на пример.

Изворите кои ја имаат пренесено информацијата, истакнуваат дека работата е уште во развој и дека поради тоа тие не би сакале официјално да бидат именувани.

Со една ваква претплата, iPhone телефоните може да станат повеќе достапни за корисниците поради распределбата на трошокот, кој за iPhone обично е над 1000 евра, на повеќе месеци, иако во овој момент нема информации за цената.

Според информациите, Apple ја замислува новата можност да функционира исто како за претплатата за сервисите, односно користејќи ја Apple ID сметката на корисниците, односно App Store сметката која веќе се користи за плаќање.

Плаќањето на месечна претплата за користење на iPhone или некој друг уред од компанијата, може да значи и дека со секоја наредна верзија од тој уред, корисници ќе можат веднаш да го добијат и користат, односно променат својот нешто постар уред.

Дали една ваква понуда би била привлечна за корисниците, во главно ќе зависи од цената и тоа колку често тие го менуваат својот iPhone.

Се најавува дека Apple би требало да ја претстави оваа нова претплата до крајот на годината или почетокот на идната.

ИЗВОРAppleTrack
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаHuawei ги исполнува очекувањата на новата генерација со новиот смартфон nova 9 SE
Следна статијаТелевизор на кој ќе гледате HBO со стил
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.