Фото: Shutterstock.com

Група на научници од Центарот за теоретска физика на комплексни системи од Институтот за Основна Наука, врз основа на неколку постари истражувања, работат на концепт на таканаречени „квантни батерии“.

Во основа, овие батерии треба да имаат една огромна разлика од батериите кои се користат денеска, а тоа е потребното време да бидат наполнети. Ова слободно може да се каже дека е една од поголемите пречки при изборот на електричен автомобил, кој дури и да има доволно места каде што може да се полни, самиот процес трае доста долго, а посебно во споредба со сегашното полнење на бензин.

Според студијата, квантните батерии би се полнеле и до 200 пати побрзо од денешните, со што ќе се овозможи нивно полнење за само неколку минути, а зависно од технологијата на полнење и за неколку секунди.

Една ваква ситуација би направила огромна разлика во користењето на електричните автомобили, а технологијата би станала достапна во иднина кога и повеќето автомобили ќе бидат електрични.

Со оглед на тоа дека се работи само за концепт и студија, не би можело да се процени кога една ваква технологија би станала реалност, а ние во денешно време уште чекаме на батериите кои ќе издржат барем 2-3 дена, наместо еден.

Доколку ве интересира научниот дел од оваа вест, студијата можете да ја погледнете на овој линк.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаNetflix сериозно гледа на својата понуда на игри, купи уште едно гејминг студио
Следна статијаЏиновски роботи од вселената пристигнаа во East Gate Mall
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.