Google Play Movies е сервис од компанијата преку кој можат да се изнајмат и купат филмови. Овој сервис можеби и не е толку познат во нашите простори поради тоа што цената за изнајмување на еден филм во HD, изнесува колку едно одење во кино, а често и повеќе, па сервисите како Netflix се секогаш поприфатливи.

Сепак, одредени филмови што ги нема на Netflix и другите, може често да се најдат на Play Movies, па и ние досега неколку пати имаме изнајмено филм.

Од XDA Developers во кодот од апликацијата имаат забележано дел кој укажува на можност дека Google планира да почне да нуди бесплатно филмови, но со прикажување на реклами во нив.

<string name="athome_add_birthdate_to_watch">Add birthdate to watch</string>
<string name="athome_free_with_ads">Free with ads</string>
<string name="athome_free_with_ads_description">Hundreds of movies, just a few ads</string>
<string name="athome_introduce_free_movies">Introducing</string>
<string name="athome_watch_free_with_ads">Watch free with ads</string>

Ова дефинитивно е одлична вест за сите кои би сакале почесто да изнајмуваат филмови од Play Movies, но сепак за тоа не сакаат да плаќаат повеќе и од претплатата за Netflix.

Тоа што ова го има во кодот, значи дека се работи на воведување на истото, но сепак не се знае кога може да се очекува. Ова посебно важи сега во време на посебни услови на работа, но веруваме дека Google баш затоа би можеле да го забрзаат пуштањето.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.