Конечно дојде и овој ден, а за фановите на Huawei, па и останатите, ова е шанса за малку да се тргне паметот од моменталната ситуација во светот. Huawei ќе ја претстави својата P40 серија, а како и обично се очекуваат одлични уреди, доста новини и уште подобра камера од ланските модели.

Поради случувањата со корона вирусот, настанот нема да може да се одржи во Париз каде што обично се одржува, па наместо тоа, истиот ќе се одржи во посебно прилагодена сала, но без публика.

За тие што како и да е би го следеле настанот од дома, ова и не претставува некоја голема разлика. Настанот ќе тече исто како и со публика, а ќе може да се следи онлајн.

Настанот треба да започне во 14:00 часот, а ќе може да се следи преку YouTube, односно на видеото во продолжение.

Повеќе информации, а секако и алтернативни начини на следење, можете да најдете на следните линкови:

Претходна статијаСовети за дезинфекција на возилата
Следна статијаGoogle Play Movies можно е да почне да дава бесплатно филмови со реклами во нив
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.