LetsGoDigital

Прилично е рано да воопшто и размислуваме за наредната Note генерација, но еве сепак неофицијалните информации почнаа да излегуваат. Според тоа што може да се прочита, Note20 серијата повторно ќе дојде во две варијанти, а исто така нема да се разликува многу од тоа што моментално го има кај S20 серијата.

Како што стана стандардно да се очекува изминатите месеци и овој пат LetsGoDigital страната во соработка со Concept Creator претставија концепт дизајн на Galaxy Note20 според тоа што го имаат како информација и претпоставка во овој период.

Од сликите се гледа дека Samsung ќе ја задржи дупката на предната страна од екранот за предната камера, нешто што според нас се покажа како најдобро решение, додека чекаме на камерите кои ќе бидат поставени под екранот.

На задната страна ќе биде модулот за камерите кои сега веќе е стандарден за повеќе модели, а го има и кај S20 серијата. Се верува дека камерите ќе бидат тие од S20 серијата, па зависно од моделот, ќе се разликуваат камерите исто како кај S20 Ultra и другите модели.

Samsung кај Note20 серијата изгледа ќе се реши за повторно поголема заобленост на екранот од страните, нешто што го намали кај S20 серијата, а реакциите се различни, зависно со кого разговарате.

Во продолжение можете да го погледнете и видеото кое е направено врз основа на достапни информации. Кои се вашите коментари?

ИЗВОРTom's Guide
ИЗВОР 2BGR
Претходна статијаGoogle Play Movies можно е да почне да дава бесплатно филмови со реклами во нив
Следна статијаЕдвард Сноуден предупредува дека новите мерки од властите може да останат и по завршувањето на кризата со COVID-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.