Додека целиот свет е во самоизолација, веќе можеме да прочитаме за одредени мерки кои се воведуваат со цел подобро следење на ширењето на вирусот и неговото спречување. Тука не мислиме на мерките за седење дома и слично, кои треба да се почитуваат, туку на мерките како следењето на движењето на корисниците на мобилните, нешто за кое што можевме да прочитаме дека операторите ќе им го овозможат на властите во светот.

Овие мерки дефинитивно ќе овозможат кон подобра борба со SARS-CoV-2 вирусот, а тука е и вештачката интелигенција. Кратко кажано, живееме во време на развиена технологија и голема поврзаност, па логично е дека тоа ќе се стави во употреба за борбата со вирусот.

Сепак, познатиот Едвард Сноуден има добро прашање за што ќе биде кога ќе помине вонредната состојба, кога проблемите со вирусот ќе бидат решени, односно што ќе биде на пример за пет години од сега.

Тој верува дека новите мерки кои ќе се воведат, односно новите практики, тешко дека властите ќе се откажат од нив по завршувањето на моменталната криза. Тој верува дека овие мерки ќе бидат уште една алатка на властите во борбата со тероризмот, борба која не ретко се злоупотребува во борба со неистомислениците на власта и нивните поддржувачи.

Своите ставови на оваа тема тој ги дава во интервју за Copenhagen International Documentary Film Festival и истото можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаЕве ги првите неофицијални концепт слики и видео од Samsung Galaxy Note20
Следна статијаНовата HUAWEI P40 серија ја доловува магијата на фотографијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.