Без разлика како ќе биде наречена наредната верзија од Windows, Microsoft ќе ги однесе новите функции кај истата, а посебно тие поврзани со вештачката интелигенција. Сепак, останува интересно да се види дали гласините за враќање на тригодишниот циклус ќе се покажат како точни, па оваа година да биде претставен Windows 12.

Очекувањата за Windows 12 се тука и поради фактот што доколку од компанијата се одлучат за целосно нова верзија од системот, сигурно ќе може да се очекуваат и дополнителни новини, како што е на пример „лебдечката“ долна лента и можен редизајн кој ќе отиде во правец на macOS.

Сега повторно излегуваат „докази“ за тоа дека Microsoft сепак планира поголема надградба на Windows, доволно голема за тој да биде наречен Windows 12.

Овој пат доказите доаѓаат од Qualcomm, иако сметам дека тие не се баш толку големи како што ги претставуваат.

Во основа, како доказ за нова верзија од Windows се смета означувањето на истата само како Windows OS, при тестирањето на нивниот Snapdragon X Elite, кој наводно треба да е побрз од M3 на Apple.

Како што истакнуваат од Windows Latest, при споредбата на перформансите на компјутер со Snapdragon X Elite со други од Samsung кои работат на Intel чипови, Qualcomm тие со нивниот чип ги означува со Windows OS, додека тие од Intel како Windows 11.

Ова мора да се признае дека дефинитивно го привлекува вниманието и може да се земе како некаков доказ дека се планира промена на верзијата од Windows. Очекувано е и дека Qualcomm има пристап до Windows 12 со цел да го тестира нивниот Snapdragon X Elite кој конечно треба да донесе Windows конкуренција на MacBook компјутерите со M чипови.

Дефинитивно ќе видиме што ќе биде на крај точно за некој месец, а дотогаш ќе продолжиме да претпоставуваме.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаGoogle сега има повеќе од 100 милиони претплатници на YouTube Premium и Music
Следна статијаУчилиштата од Општина Бутел ќе бидат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.