Една од главните новини кај Windows 11, која сега сигурно им е позната на повеќето заинтересирани корисници за надградба од нивниот Windows 10, е барањето за TPM 2.0 модулот за да може да се смета компјутерот како компатибилен. Овој модул во основа е поврзан со безбедноста на компјутерот, а го има кај компјутерите кои се купени отприлика во последните пет години.

Тие кои имаат постар компјутер нема да можат да направат надградба на Windows 11, но сепак и тоа не е до крај баш така. Microsoft самите објавија дека со мала промена во registry на Windows 10, системот нема да прави проверка за TPM 2.0 модулот, па корисниците ќе можат да го инсталираат Windows 11 исто како да имаат компатибилен компјутер.

Оваа надградба сепак ќе мора да се направи со симнување на некоја од алатките од страната на Microsoft, односно нема да оди директно преку Windows Update во Windows 10.

Исто така, компјутерите сепак ќе мора да имаат TPM модул, но во овој случај верзија 1.2 или понова, што сепак ја проширува границата за компјутери стари и до десет години.

Од Microsoft уште пред неколку месеци најавија дека компјутерите кои не се официјално компатибилни, но на нив сепак е инсталиран Windows 11, нема да добиваат надградби, без разлика дали се работи за нови функции или безбедносни исправки.

Сепак, за доста и не е воопшто за изненадување, Microsoft ја дозволи минатонеделната надградба за сите уреди на кои е инсталиран Windows 11, без разлика дали се компатибилни или не. Нашиот лаптоп којшто официјално не е компатибилен, ги доби најновите надградби кои ги добивме на новиот десктоп.

Ова е одлична вест за огромен број на корисници кои би сакале да го користат Windows 11, но уште не се спремни да го заменат нивниот постар компјутер, а посебно што за нивните потреби тој уште функционира одлично.

Не е познато до кога Microsoft ќе им дозволува на некомпатибилните компјутери да ги добиваат надградбите, па останува дека користењето на Windows 11 на ваков компјутер сепак е ризик. Дали тоа ќе биде од наредната надградба, дали од идната година, Microsoft делува решен да Windows 11 работи на компјутер со TPM 2.0 модул.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаApple денеска го одржува својот втор хардвер настан – како да го гледате и што се очекува
Следна статијаSamsung Galaxy S21 FE ќе биде претставен дури на почетокот од идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.