Samsung закажа настан за оваа среда, 20ти октомври, а уште од неговото закажување очекувањата не одеа во правец дека ќе видиме FE верзија од годинешната S21 серија. Овие тврдења оваа недела изгледа се сложуваат, од повеќе извори, дека Galaxy S21 FE не треба да се очекува на настанот оваа недела, а телефонот не треба да се очекува ни оваа година.

Според повеќе извори, Galaxy S21 FE ќе биде претставен во јануари, а дури има и точна дата, 11 јануари, кога Samsung наводно ќе одржи настан за претставување на овој телефон. Производството, според информациите, треба да почне во декември, што оди во правец на најавите за претставување на уредот во јануари.

Ова ги зголемува очекувањата за што е тоа што ќе биде дел од Galaxy Unpacked Part 2 настанот во среда, а очекувањата се дека треба да очекуваме повеќе информации за One UI 4.0 направен на основа на Android 12.

FE верзиите од S серијата на Samsung се покажаа како доста популарни, а во главно поради нивната пониска цена и задржување на голем дел од карактеристиките на главните модели.

Оваа година може да се каже дека FE моделот и не е толку потребен поради огромната популарност на S моделите, а секако треба да се земе и во предвид доволно вратениот во форма пазар.

Инаку оваа недела е доста интересна со три настани денес, утре и задутре. Денес Apple ќе го одржи нивниот Unleashed настан на кој се очекуваат нови Mac компјутер, а утре Google ги претставува Pixel 6 уреди.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаНекомпатибилните компјутери на кој е инсталиран Windows 11 добиваат надградби, барем сега за сега
Следна статијаФИТР ја креира првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.