(Не препорачуваме следење на овој совет доколку не сте спремни за можни проблеми, како и на главниот компјутер за работа)

Windows 11 стана официјално достапен за сите корисници од оваа недела, а тука можете да ги прочитате и неколкуте начини како можете да го инсталирате на вашиот компјутер.

Сепак, остана одлуката на Microsoft дека Windows 11 нема да биде компатибилен со компјутерите на кои немаат TPM 2.0 модул, а тоа во основа се сите процесори пред осмата генерација од Intel процесорите, со исклучок на неколку од седмата.

Тоа значи дека доколку имате постар компјутер од околу пет години, тој не е компатибилен со Windows 11 и за вас нема да биде достапна надградбата.

Ова сепак не е до крај точно, а и од Microsoft самите овозможуваат начин како да се инсталира Windows 11 на компјутерите кои не се поддржани. Овој начин ќе овозможи инсталација на компјутер без TPM 2.0, но сепак ќе има лимит до верзијата 1.2 од модулот, што значи нема да се дозволи на компјутерите кои немаат ваков модул или тој не е активиран.

Со ова, наместо компјутери стари до пет години, Windows 11 ќе може да го инсталираат и корисниците со компјутери стари до околу десет години.

Инсталацијата на Windows 11 на компјутер кој нема TPM 2.0 се прави едноставно со додавање на нова вредност во „registry“ на Windows 10. Претходно сепак треба да се провери дали компјутерот има TPM модул, а тоа може да се направи со притискање на „Win + R“, па внесување „tpm.msc“.

Во овој дел ќе може да се види дали модулот е активен и која е неговата верзија. Истата треба да биде најмалку 1.2, а доколку не е активен, ќе треба да се активира преку BIOS-от на компјутерот.

Потоа, во registry треба да се отиде на локацијата HKEY_LOCAL_MACHINE\SYSTEM\Setup\MoSetup, па да се кликне со десен клик и да се избере креирање на нов DWORD (32-bit) Value и во делот за име да се внесе AllowUpgradesWithUnsupportedTPMOrCPU. Вредноста треба да се стави на 1.

Со креирање на овој дел во регистарот на Windows, ќе може да се инсталира Windows 11, иако го нема TPM 2.0. Се што ќе треба е да ја симнете ISO датотеката или да ја искористите алатката од Microsoft.

ИЗВОРhttps://www.gamespot.com/articles/microsoft-shows-how-to-bypass-tpm-2-0-requirement-for-windows-11/1100-6496853
ИЗВОР 2PCGamer
Претходна статијаА1 нова понуда за уште повеќе комуникација во припејд мобилната телефонија
Следна статија5G на повидок: Мрежата е безбедна, колку се подготвени операторите?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.