Како што беше најавено, од денеска Windows 11 ја добива својата финална верзија и официјално им станува достапен на сите корисници, тие кои ќе решат да го инсталираат како надградба од Windows 11, но и за тие кои во овој период ќе купат нов компјутер.

За разлика од Windows 10 кој во главно можеше да се инсталира на било кој компјутер и да функционира, без разлика дали доволно добро или не, Windows 11 ќе може да се инсталира во главно на компјутерите купени изминатите пет години.

Тоа е така поради официјалните побарувања за Windows 11, кои покрај соодветните процесор, меморија и простор, како услов го поставуваат TPM 2.0 безбедносниот модул кој во оваа верзија почна да се вклучува со процесорите и матичните плочи од пред околу пет години.

Доколку имате компатибилен компјутер, инсталацијата на Windows 11 е прилично едноставна, односно како и претходните годишни надградби на Windows 10. Понудата на надградбата ќе оди постепено и истата ќе им биде пуштена на сите корисници до половината на идната година. Одлуката кога да биде пуштена надградбата за одреден компјутер се прави врз основа на информациите од тој компјутер и машинското учење кое открива дали се можни проблеми.

Обично со Windows 10 корисниците кои самите ќе го притиснеа копчето за проверка на надградби добиваа предност во добивањето на новата верзија, па истото ќе биде случајот и со Windows 11. Тоа значи дека и доколку автоматски ја немате добиено надградбата, истата ќе можете да ја иницирате самите преку Windows Update. Доколку и тогаш не ја добиете, тоа значи дека сепак системот уште ве нема ставено во групата на уреди кои се спремни за надградба.

Вториот начин на којшто може да се инсталира Windows 11, а за кој не мора да се чека е преку симнување на ISO датотеките од системот или уште поедноставно, симнување на алатката за надградба од Microsoft. Истата ќе ја симне надградбата со Windows 11 и ќе ви даде избор дали ја ја инсталирате веднаш или да направите USB „стикче“ со истата.

Сите можности за инсталација на Windows 11 се достапни на оваа страна од Microsoft.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаWindows 11 официјално достапен од денес
Следна статијаА1 Македонија започнува финално тестирање на 5G мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.