Windows 11 официјално ќе стане достапен од 5ти октомври, иако веќе со месеци можете да го пробате преку Windows Insider програмата. За да можете да го надградите својот компјутер и да продолжите да добивате ажурирани верзии од Windows 11, ќе мора да имате компјутер со TPM 2.0 модул кој во главно е достапен кај компјутерите купени изминатите пет години.

Уште при официјалното претставување на Windows 11, кога и беше најавена оваа карактеристика како услов за користење на системот, беше пуштена PC Health Check апликацијата со нова можност, проверка дали вашиот компјутер ги има потребните карактеристики, односно е компатибилен со Windows 11.

Оваа алатка подоцна беше повлечена поради тоа што истата не даваше повеќе информации зошто некој компјутер не е компатибилен, а секако не е само достапноста на TPM 2.0 модулот услов.

Новата верзија од апликацијата беше најавена за пред пуштањето на Windows 11 за сите корисници, прво за корисниците на Windows Insider, па подоцна за сите. Сега апликацијата во својата ажурирана, односно подобрена верзија е достапна за сите корисници.

Со инсталирање на PC Health Check апликацијата ќе може да се провери компатибилноста на компјутерот, а овој пат доколку истиот не е компатибилен, ќе може да видите зошто во деталното набројување на компонентите на компјутерот.

Апликацијата е достапна за симнување преку следниот линк.

Доколку сте решени дека „морате“ да го користите Windows 11, тоа многу полесно ќе може да се направи на десктоп компјутер чии компоненти може да се надградат без потреба од купување на цел нов компјутер. Исто така, се верува дека Microsoft ќе дозволи инсталација на Windows 11 и на некомпатибилни компјутери преку правење на чиста инсталација, но тие компјутери нема да добиваат надградби преку Windows Update.

Претходна статијаNetflix ќе почне да нуди можност за користење на сервисот бесплатно во Кенија
Следна статијаОфицијално достапни iOS 15 и iPadOS 15 за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.